Пред две недели европската фудбалска унија ги помести баражите во Лига на нации за 4 јуни (полуфинале) и 9 јуни (финале), но според тоа што пандемијата на вирусот сè уште го држи светот затворен, УЕФА попладнево преку видео-конференција предложила нови поместувања, односно плејофот за Евро 2021 да биде одреден понатаму (неофицијално 5 септември полуфинале, 8 септември финале).
Репортерот на германски ZDF, Маркус Харм на Твитер прв објави инсајдерска информација која подоцна ја сподели и италијанскиот инсајдер Николо Скира', а AS пишува дека УЕФА предложила сите натпревари од Лига на шампиони и Лига Европа кои не се доиграа, да финишираат до крајот на јули и почетокот на август, без гледачи. Исто и финалето да се игра без присуство на публика.
УЕФА предложила како идеја играчите веќе во април и мај да имаат своевидна пред-сезона со цел да се вратат во потребната форма за продолжување во ЛШ и ЛЕ.
#UEFA nella riunione in conference call con le 55 federazioni europee ha ribadito come priorità la conclusione dei campionati nazionali e delle coppe (#ChampionsLeague e #EuropaLeague) anche a costo di sforare come date nella stagione 20/21 (mesi luglio-agosto). #CoVid_19
— Nicolò Schira (@NicoSchira) April 1, 2020
УЕФА, пишува Индепендент, сака по секоја цена да го финишира клупскиот фудбал сезонава до предвидениот рок, па следната 2020/2021 да почне кога ќе почне. Ова и од финансиски аспект и поради згуснатиот распоред.
News: @UEFA verschiebt @ChampionsLeague und @EuropaLeague bis in Juli/ August. Alle Länderspiele im Juni werden ausgesetzt, wohl erst im Herbst nachgeholt. Mehr @ZDFsport @ZDF
— Markus Harm (@MarkusHarm) April 1, 2020
Секако УЕФА остава простор во зависност од актуелната ситуација и во консултација со властите на европските земји, будно да се следи состојбата со Ковид-19 па доколку биде потребно, распоредот одново да се едитира.
Во моментов фудбалот и општо спортот длабоко е во втор план и ретко кој би се дрзнал да размислува за играње по различни градови пред празни и полни трибини. На луѓето од УЕФА приоритет им е сите федерации да можат да ги истераат своите домашни првенства до крај, за да потоа може да се обликува распоредот.