Таг: македонска фудбалска репрезентација

Ристовски: Не би се ставил како фаворит, Ковидов поремети граници

Македонската фудбалска репрезентација на 5 септември ќе го одигра првиот меч во новата сезона од Лига на нации против Ерменија. Тоа е воедно и прв нивен натпревар годинава за А тимот кој ќе се игра под нетипчки околности: Без публика и во 15 часот на сонце, за што не им е сеедно на Стефан Ристовски и Бобан Николов.

Трета среќа: Одреден датумот кога Македонија ќе игра против Косово

Прво требаше во март, па поради глобалната пандемија УЕФА оптимистички ги помести дуелите од плејофот во Лига нации за јуни, па пак го откажа и сега официјално се закажани за почетокот на октомври.

Драгоцени 54 секунди од првиот натпревар на Македонија на Градски

Крањ е историски потсетник за стартот на македонската фудбалска репрезентација на кој се навраќаме во разни пригоди, но пет месеци подоцна, нашиот национален тим го одигра вториот меч со кој ги удри темелите дома. Пак е Чоко протагонист, ама овој пат со еврогол.

Кога Иниеста заигра во Струмица против Пандев и екипата

Малкумина го паметат натпреварот на македонската фудбалска репрезентација до 19 години против своите врсници од Шпанија кои неколку месеци подоцна се качија на кровот на Европа.

Голот на Шаќири против Баскија

Потсетивме на едно подзаборавено ретро, со фотки, кусо инфо и секако состав од тоа гостување на македонската фудбалска репрезентација во Билбао. Но го немавме голот, ама сега го имаме благодарение на Панче Ќумбев.

Фото на денот од една пријателска на Македонија пред 18 години

Ја објави Панчев Ќумбев на Фејсбук кој потсети на една силна и перспективна репрезентација која можеше многу повеќе. Се работи за селекцијата која два месеци претходно и ги одигра оние историски 2:2 на Англија на гости.

Македонија - Косово на есен, летово нема Европско ама ќе има Лига на шампиони и ЛЕ

На денешната видео-конференција со генералните секретари на сите 55 членки, УЕФА ја дискутирала актуелната состојба и евентуалните можни сценарија за продолжување на сезоната.

Новите официјални датуми за завршницата на Македонија во Лига на нации

Фудбалската федерација на Македонија го соопшти денот на одигрување на полуфиналето од Лига на нации меѓу Македонија и Косово кое требаше да се игра на 26 март.

Да го послушаме апелот на Булеварко

Со оглед на тоа што сметаме дека муабетот му е скроз на место, ние радо прифаќаме да ги отвориме спортските архиви.

Пандев: Одложете го мечот заради здравјето и затоа што е фер и спортски

Во услови кога прво владее вирус поради кој е комплицирано да се патува и второ, ни наближува историски меч кој се распродаде за три дена, а потоа забранија да се игра со публика, нема логика ни да се игра месецов. Во тоа се сложни и репрезентативците на чело со селекторот.

Се комплицира доаѓањето на Пандев, Нестор и Елмас од Италија, ФФМ ќе бара одложување на мечот

Денешните најнови мерки за заштита од вирусот и официјално спречија да има публика на мечот Македонија – Косово. Но под голем знак прашалник е дали воопшто ќе има фудбал на Градски на 26 март.

Градски ќе крца, од Запад ќе грмат македонските навивачки групи, на Исток се гостите

Веројатно како никогаш до сега во историјата на репрезентативниот фудбал, се случи масовна и екстра брза распродажба на карти за натпревар на македонската фудбалска репрезентација. Отидоа сите за ТРИ дена.

Што е па сега со тензијава за карти пред стадион?

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти билетите во продажба за полуфиналниот меч од Лига на нации меѓу Македонија и Косово. Уште прв ден имаше голем интерес, ама и една утка која ги изнервира тие што чекаа ред.

Можеме ние и повеќе од 68-мо место, а тоа ќе се потврди против Косово

Со оглед на тоа што немаше активности, македонската фудбалска репрезентација како и другите селекции нема поместувања на најновата ранг листа на ФИФА.

Еден незаборавен перформанс на Градски во негова чест

Бидејќи денеска требаше да наполни 39, да се потсетиме на страста со која ја отпеа македонската химна на квалификацискиот меч за ЕП 2004 меѓу Македонија и Англија. Стадионот крца, Тоше со изведбата внесува уште поголема мотивација, а во прв состав е и Пандев со само 20 години. Коментатор Зоран Михајлов. Колку легенди на едно место.

2020-та - златна можност за една наша извонредна селекција

Имаат квалитет, игра, хемија, а за желба да не збориме. Добија и Лига преку која патот е најреален. Докажаа дека можат да одат по него, но мора да го изодат до крај, а тоа се ближи. 26-ти и 31-март ќе дојдат многу брзо.

Годината ја завршуваме со 47 места пред Косово

Со оглед на тоа што немаше никакви активности, македонската фудбалска репрезентација останува на истата позиција како на претходното рангирање на ФИФА.

На Панчев за ова на времето му дадоа црвен против Данска

Која е поентата на ВАР ако за ова нема црвен картон, искоментира поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Овен Харгривс во улога на фудбалски аналитичар на британска тв. И во право е, за ваков намерен фаул секогаш се дава црвен.

Страшна е групата во која можно е да влезе и Македонија на ЕП 2020

Македонската фудбалска репрезентација ги дозна можните противници за следното Европско првенство на кое се разбира ќе учествува ако го освои фајнлфорот во Лига на нации.

Македонија без промени на рангот на ФИФА

Ноемвриската ранг листа на ФИФА не донесе ништо ново за македонската фудбалска репрезентација.

Топ 5 голови на Македонија во квалификациите за ЕП

Со оглед на тоа што квалификациите завршија, а полуфиналето во Лига на нации против Косово е дури на 26 март, преостанува уште да се потсетиме какви голчиња брцнаа момците на Ангеловски во циклусот што заврши.

Финалето за ЕП 2020 Македонија ќе го игра во Грузија или Белорусија

Немавме среќа во Нион. Ако во полуфинале го совлада Косово, македонската фудбалска репрезентација последната пречка за европско нема да може да ја мине дома.

Дечките заслужуваат да играат на ЕП, бидејќи играат со срце и гинат еден за друг

Па дали видовте каква партија пружи Бобан Николов? Ораше на цел терен само да се добие последнава по секоја цена. И колку души му се џитнаа кога го даде голот? Од тренери, резервни играчи, физиотерапевти до магационери, сите на куп. Ова го немало претходно во репрезентација.

Победа за потврда на заедништвото и залет за Европско 2020

Македонската фудбалска репрезентација првпат во својата историја заврши на 3. место во една квалификациска група. Но далеку поважна е атмосферата во селекцијата, квалитетот и талентот на овие дечки кои дефинитивно имаат потенцијал да отидат на Европско.