Како увертира за она што ги чека хероите кога ќе слетаат во главниот град, илјадници граѓани излегоа на улиците ширум земјата да го прослават историскиот подвиг на фудбалската репрезентација.
Со големо срце, храбра и мудра игра, македонската репрезентација ја совлада Грузија на гости и обезбеди историски пласман. Како награда, ќе излезе на мегдан против Холандија, Украина и Австрија во следното лето. Веруваме пред илјадници наши грла.
Со фанатична борбеност македонските фудбалери го направија најголемиот успех - обезбедија пласман на Европско првенство 2021! Федерацијата веќе подготви рекордни премии.
Финалето на Лига на нации во групата Д кулминираше со испишување на нова историја за македонскиот репрезентативен фудбал. Радувај се Македонијо, златните нозе на Пандев не носат за прв пат на едно големо натпреварување.
Веќе не се бројат години, туку часови до историјата по која копнееме сите. Фудбалската треска се повеќе се чувствува. На видео врска Скопје - Тбилиси ги имаме Претседателот и селекторот на Македонија со цел состав. Така е Мрме, ве чекаме на плоштад.
Македонија вечерва во Тбилиси (18:00) ќе игра против ривал со кого во рок од 29 дена одигра 2 меча. И двата завршија исто - 1:1. Но вечерва влогот е непроценливо поголем.
Европската куќа на фудбалот вечерва ќе ги добие последните четири патници на ЕП 2020 кое поради проклетата корона се премести за 2021. Ќе произлезат од четирите финалиња во Лига на нации. Одиме со најава за Лигата Д. Напред наши.
Дојде и тој ден. Македонија да игра финале за пласман на Европско првенство кој за прв пат го има на дофат за 90 минути. Имаме можност да ѕирнеме како селекторот Ангеловски го спремаше најважниот фудбалски меч во нашата историја.
Фудбалерот на Леванте нема да патува за Тбилиси и поради повреда на 'рбетот ќе го пропушти најважниот меч во досегашната кариера. Позитивни на тестирања Кире Ристевски и Крсте Велкоски, селекторот се надева дека ќе го има Адеми кој е ровит.
Броиме ситно, нешто повеќе од 48 часа до стартот на финалето кое нема македонски навивач кој не го чека со срце и душа. Остана уште последната пречка која на Пандев и другарите ќе им биде остварување на сонот ако ја прескокнат. Напред момци.
Македонската фудбалска репрезентација почна да се собира во Скопје во пресрет на исторскиот меч, а македонската јавност може да се смири, бидејќи попладне во Скопје пристигнува капитенот за кој синоќа се појави информација дека нема да го пуштат од Италија.
Никогаш поблиску, никогаш поважен и никогаш со поголема историска важност за нашиот репрезентативен фудбал. 27 години поминаа од првиот меч на Македонија, а тоа се скоро три децении исчекување. Изгоревме од желба и ние да заиграме на едно Европско првенство.
Едно ама вредно место скокна македонската фудбалска репрезентација. Убаво е чувството кога се поминуваат соседите кои едно време по 50 места ни бегаа и јаче.
На денешен ден пред точно 18 години се случија незаборавните 2:2 против Англија во Саутемптон, датум на кој пред 13 загина нашата поп икона Тоше Проески. Голем навивач на македонската фудбалска репрезентација од кој останаа траги за долго сеќавање.
Во 4. коло од Лига на нации, Македонија ремизираше 1:1 (0:0) со Грузија и освои важен бод, особено ако се знае дека повеќе од 20 минути игравме со играч помалку поради глупоста на Столе Димитриевски.
13 октомври е датум кој цел живот ќе не потсеќа на првиот репрезентативен двобој на Македонија. Но тоа е верглана тема и затоа одиме 20 години подоцна, за да потсетиме зошто пак се собра тоа легендарно друштво.
Македонската фудбалска репрезентација не ја оправда фаворитската улога против Естонија, 108-ма на рангот на ФИФА и среќа што стигна до реми со оглед на тоа што на 10 минути до крај губеше 3:1. Трајковски промаши пенал.
На 9-ти август Македонија гостуваше кај Грузија во рамките на новото издание на Лига на нации и со реми од 1-1 и добра игра покажа дека апсолутно е кадарна овојпат да го победи противникот и да се пласира на историско Европско првенство.
Македонската фудбалска репрезентација синоќа одигра и трето полувреме ама пред хотел, каде беше пречекана со музика. Се пееше, се вртеше оро, Џани ја фати гитарата, а кулминација настана кога Стефан Ристовски го грабна тапанот.
Само ние новинарите се слушавме вечерва на Градски поради проклетиот Ковид кој спречи вечерва да грмат 30.000 гледачи, а по последниот свиреж на судијата од центарот на теренот се слушна и „Едно име имаме“ во изведба на репрезентативците.
Македонската фудбалска репрезентација го доби долго очекуваниот меч со Косово со 2:1 и сега е на само 90 минути до историски пласман на ЕП 2021. Во финалната битка и гостуваме на Грузија.