Некогашниот долгогодишен лев бек на Работнички сега игра за унгарски МТК. Тој од денес ги исполнува сите комплетни услови да заигра за Македонија со што би станал натурализиран репрезентативец.
Ерера е роден на 23 јануари 1995-та година во градот Антиоквиа во Колумбија. Игра на левата бековска позиција. По сјајните настапи за скопски Работнички, Себастијан Ерера во јули 2020-та стана член на МТК од Будимпешта за трансфер од 300.000 евра.
До сега сезонава има 20 настапи, 1 гол, 3 асистенции, но и 11 жолти картони со што е рекордер во унгарското првенство.
Селекторот Игор Ангеловски неодамна најави дека не би имал ништо против Ерера, кој има македонски документи и добро го познава нашиот менталитет и начин на игра, да настапи за Македонија.
OFFICIAL:
— Football Macedonia (@MacedonianFoot) March 9, 2021
FIFA have cleared Colombian born Left back of MTK Budapest Sebastian Herrera to play for Macedonia.
SportMedia report that Herrera is on Angelovski's list for the upcoming squad. pic.twitter.com/kAXZYi5RMn
Спортмедиa пишува дека брзиот лев бек кој би му бил сериозна конкуренција на Алиоски по левата страна, би можел да се најде на списокот репрезентативци уште во мартовските собири за натпреварите од квалификациите за Светско првенство 2022 против Романија, Лихтенштајн и Германија.