Таг: мајкл џордан

Гризман ги прослави головите на необичен начин, како Леброн и Џордан

За првите два гола на Гризман во дресот на Барса требаше да чекаме до 2 коло. После вториот гол на мечот против Бетис синоќа, Французинот дотрча пред трибината и фрли конфети во воздух со рацете во вис. Ваков ритуал има Леброн Џејмс.

Најјакиот меч во кариерата Џордан го одиграл на тренинг, пет на пет со Дрим тимот

Пред дваесет и седум години, на 22 јули 1992 година, како загревање за Олимписките игри во Барселона, најјакиот дрим-тим на сите времиња решава да одигра средба пет на пет.

Кога Џордан го соблекол дресот со број 45, облекол 23 и растурил

Иако правилата биле многу строги, следувале казни и санкции за нивно прекршување, најголемиот на сите времиња решил да тера по свое и на крајот го прослави бројот 23. Многу генерации израснаа со оваа бројка во чест на Џордан.

За едно легендарно ракување во НБА лигата

8 април 2003-та: Едно младо момче по име Леброн Џејмс се поздравува со својот идол Мајкл Џордан.

Секогаш е перверзија да се гледаат забивањата на Џордан

Секоја чест на сите победници на натпреварите во забивање во поновото време на НБА, ама ние сме носталгични по оние златни времиња од 90-те, што да правиме? Мајкл Џордан е поим за кошарка за век векова. Дагаууууу. Инаку вчера наполни 56.

Што има да каже Карло Анчелоти за Мајкл Џордан

Бидејќи знаеме што би рекол ако го прашаат за Меси или Роналдо, фино би било да чуеме како фудбалски стратег што ќе каже за кошаркар или поточно за најдобриот на сите времиња. Добар муабет на мустрата, нема што.

Џордан да ти удри воспитна, значи стварно си згрешил

Најголемиот на сите времиња сега е претседател на Шарлот Хорнетс. Неговиот тим славеше луда победа со тројка во последните секунди пред крајот против Детроит Пистонс, но еден играч од клупата влезе пред време на паркет да се радува па доби техничка.

Како почнала традицијата шампионите во НБА да одат во Белата куќа кај претседателот

И не само од НБА, туку од сите најголеми спортски првенства во САД, шампионите регуларно почнале да ја посетуваат Белата куќа во ’80-те кога на власт најчесто биле претседатели од Републиканската партија: прво Реган, а потоа и Џорџ Буш.

Сите „куцања“ на Џордан на Ол-Стар дуелите

На 19. февруари не чека уште еден Меч на сите ѕвезди во НБА. Ќе има цел куп тројки, забивања, весели потези, дриблинзи и чуда. Да се потсетиме што правеше најголемиот на сите времиња:

Првата средба на Стив Кер со Мајкл Џордан

Заедно прославија три титули со Чикаго Булс, но првиот пат кога актуелниот тренер на Голден Стејт Вориорс го сретнал најдобриот кошаркар на сите времиња во доаѓање, се исплашил од тоа што го видел.

Историски снимки со Џордан на 22 години

Видеото е антологиско, бидејќи е со најдобриот на сите времиња кој и во 1985-та година летал под кошот. Тој што не гледал НБА во 90-те кога Ем Џеј го достигна врвот, не е свесен што пропуштил во животот. Штета што видеово трае само проклети 37 секунди.

Најдобрата екипа во нашиот живот - Дрим тимот од 1992

На крајот од јуни 1992, пред точно 25 години, првиот официјален меч го одигра самата најфантастична екипа во историјата на тимските спортови. Таква репрезентација немало и тешко дека ќе има во блиска иднина.

19 години од легендарниот шут на Џордан против Јута

На 14. јуни 1998-ма се играше Game 6, решавачкиот дуел во финалето на НБА меѓу Јута Џез и Чикаго Булс. Мајкл Џордан за последен пат го носеше дресот на Чикаго а тоа што го направи на 5.2 секунди до крајот, пред гостинска публика е најлегендарен момент во светската кошарка.

Моментот кога Мајкл Џордан лебдеше во воздух

Сите беа убедени дека ќе ја куца, ама никогаш не знаеш со него на што си. Ова е еден од потезите кои се симбол на играта на незаменливиот Ем Џеј и кој долго време беше на најавните шпици. Зборуваме за вториот финален натпревар меѓу Чикаго и Лејкерски одигран пред 26 години. Безвременски потег.

Тројката на Леброн која го сруши рекордот на Џордан

Кливленд и Голден Стејт трета година по ред ќе играат во финалето на НБА, откако Кавалирс синоќа го совладаа Бостон во финалето на Истокот. Леброн Џејмс на почетокот од третиот период погоди тројка со која стигна до цифра од 5.995 поени во плејофот со која го надмина легендарниот Мајкл Џордан кој во плејоф кариерата даде 5.987.

Ол Стар 1997 на А1 со Љубомир Николовски на лице место

Ако не сте гледале Ол Стар и воопшто НБА во 90-те, ќе мора да го изгледате цело видеово бидејќи исто како да не се гледале воопшто кошарка. Да можевме ќе го гушневме Јутјуб. Дали игра Џордан? Да, игра и го оствари првиот трипл дабл во историјата на игрите.

Најфраерското слободно фрлање

Во чест на неговиот 54-ти роденден, уште нешто од незаменливиот и неповторнилиот Ер Џордан. Кој друг може вака а?

Личната карта на славеникот Џордан

Најдобриот кошаркар во историјата, освојувачот на шест шампионски прстени и сопственик на НБА франшизата Шарлот Хорнетс, Мајкл Џордан денес слави 54 години. Медиумите престанаа да бараат негов наследник затоа што е невозможна мисија.

Спортисти кои стигнале до милијарда или се близу неа

Магазинот Forbes објави рејтинг на најбогатите спортисти во историјата. Кој од големите атлети заработил повеќе од милијарда, а кој е близу да стигне до оваа вртоглава сума?

Зошто ни фали НБА од ’90-те?

Џордан, Стоктон, Мелуон, Мутомбо, Дивац, Меџик, Пени Хардавеј, Фил Џексон, Шек, се имињата кои секој НБА носталгичар го асоцираат на некое поубаво време во најдобрата светска лига кога навивавме аларм да станеме сред ноќ.

Што му направи Џордан на Кливленд

Ни улета едно од оние епски видеа каде МЈ е во главна улога. Се враќаме во 1993-та и четвртиот натпревар меѓу Чикаго и Кливленд во полуфиналето од Источната конференција кое заврши 4:0 на ваков начин: