Таг: ливерпул

Некој сака да се збогати од решавачкиот меч во Премиер лигата

Викендов во Англија на „Енфилд Роуд“ е големата пресметка помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити која може да биде и клучна за титулата, а тапкарошите преку он-лајн продажба нудат карти за овој дуел кои се косат со нивната регуларна вредност.

Историјата на ривалството меѓу Манчестер и Ливерпул

По заминувањето на Фергусон, Манчестер Јунајтед никако да излезе од калта и реди порази, но ниту еден пораз не болеше како последниот од најголемиот ривал Ливерпул. Ривалството на фудбалските терени и надвор од нив трае 120 години.

Дејвид Мојс е фудбалски гениј

Кај нема поддршка од своите навивачи, па почнаа да го тролаат и гостинските кои се молат што подолго да остане на клупата на „Олд Трафорд".

Дефиниција за сеир

Ако во речник го побарате зборот „сеир", ќе видите слика од овој навивач на Ливерпул кој не покажа ни малку сожалување за Агбонлахор од Астон Вила.

Ливерпул против божиќната традиција

Традицијата од последните години вели дека оној тим кој е на првата позиција во Премиер лигата на Божиќ, таму и ќе остане на крајот од сезоната. Ова не важи за Ливерпул.

Суарез поефикасен од пола Премиер лига

Луис Суарез ја продолжи одличната голгетерска форма во Премиер лигата и сега тој сам има постигнато повеќе голови од пола екипи во англиската елита.

Пријателско дерби на трибини, но пеколно на теренот

Викендов во Премиер лигата ќе се одигра Мерсисајд дербито помеѓу Евертон и Ливерпул, натпреварот кој е познат како пријателско дерби на трибините со фамилии поделени на „црвени" и „сини", но најнедисциплиниран дуел на теренот.

Пачовски нека се пази од тинејџерот на Ливерпул

Има само 16 години и веќе го споредуваат со Герет Бејл. Талентираниот фудбалер на Ливерпул, Хари Вилсон кој настапува за селекцијата на Велс за играчи до 17 години доби повик од селекторот Крис Колман за утрешниот квалификацискиот дуел против Македонија.

Лоб од половина терен

Ремек делото е на Адам Морган кој на мечот помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити за играчи до 21 година, покажа дека уште на млади години знае како се прават изненадувања од 50 метри.

Суарез: „Пуштете ме да си одам од Ливерпул“

Луис Суарез ги отвори картите и во интервју за Гардијан и Телеграф откри дека сака трансфер, а челниците на Ливерпул го излажале затоа што имале договор да го пуштат да си оди ако не играат во Лигата на шампиони.

Како се шират трансфер гласини

Во периодов кога сите медиуми се опседнати со шпекулации и разни невистини за трансфери на фудбалерите, да погледнеме како функционира тој „расипан телефон" и како се шират трансфер гласините.

Ливерпул со лекција до навивачите

Интересна слика кружи на Твитер. Премиерлигашот Ливерпул ќе ги учи своите навивачи како да се одвикнат од дискриминирање за време на натпреварите на „Енфилд Роуд“. Клубот подготвил листа на зборови кои обично се користат за навреди и кои не ги прифаќа и за време и по натпреварите.

Неверојатен пречек на Ливерпул во Џакарта

Ливерпул нема многу трофеи ниту добри резултати во последниве години, но нивната популарност на глобално ниво се уште е огромна. Доказ за тоа е пречекот по нивното пристигнување во Индонезија.

Вечниот тренер заминува во пензија по половина век во иста екипа

Го превзеде клубот од самото негово оформување, им ги переше дресовите на играчите, освои 72 титули и замина во историјата како тренер кој успеал да опстои на една тренерска клупа рекордни 50 години. Респект за 71 годишниот Џими Дејвис.

Владо од Скопје победи на конкурсот на Ливерпул

Владимир Стојков од Скопје е еден од тројцата победници на конкурсот за избор на дизајн на тетоважа за турнејата на фудбалскиот клуб Ливерпул.

28 години од трагедијата на Хејсел

На 29 мај во 1985-та година на стадионот „Хејсел" во Брисел загинаа 39 навивачи пред одигрувањето на финалето од Купот на европските шампиони помеѓу Јувентус и Ливерпул.

Фудбалер на Ливерпул заработил 15 000 фунти од дресот на Кантона

Приказната датира од финалниот натпревар од ФА Купот пред 17 години помеѓу екипите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кога на крајот капитените си ги размениле дресовите, но од целата работа фудбалерот на Ливерпул Нил Рудок си направил бизнис.

На Ливерпул му требаат поголеми голови

Англиските статистичари ги преброија сите удари во стативите и пречките на натпреварите од Премиер лигата и направија табела во која сите овие 265 удари се бројат како голови. Со таква алтернативна табела, Ливерпул ќе играше во Лигата на шампиони.

Последната желба на навивач на Ливерпул

Кладилницата Paddy Power продолжува со својот храбар и контроверзен маркетинг. Овој пат нивната целна група се навивачите на Ливерпул.

Комшилакот на Енфилд

Во 90-те години од минатиот век, фудбалскиот клуб Ливерпул започна да ги купува куќите од околината на Енфилд со план за проширување на нивниот стадион, но 20 години подоцна, таму ништо не е сменето и сега околните улици наликуваат како таму да застанало времето.

Канибалот ќе одмара 10 натпревари

Луиз Суарез може предвреме да оди на годишен одмор. Фудбалската Асоцијација на Англија најстрого го осуди неспортскиот потег на мечот против Челси и за гризењето на Ивановиќ му одреди висока казна од 10 кола неиграње.

Шахин се предомисли

Вртикапата Нури Шахин како позајмен играч од Реал Мадрид минатата година премина во Ливерпул каде помина 6 месеци кои му беа доволни за целосно да го смени неговото мислење за тренерот Брендан Роџерс.

Наместен натпреварот од ЛШ: Ливерпул-Дебрецин

Откако денес Еуропол објави дека во Европа биле наместени 380 натпревари, а помеѓу нив и натпревари од Лигата на шампиони, медиумите шпекулираат дека еден од тие е и дуелот помеѓу Ливерпул и Дебрецин.

Здружени навивачи

Навивачите на Манчестер Сити и Ливерпул ги здружија силите и заеднички протестираа за високите цени за влезниците на стадионите во Премиер лигата.