Таг: ливерпул

Кореографијата и навивањето на Делиите за Црвена звезда - Ливерпул

Некогашниот европски шампион се врати на патот на некогашната слава откако со 2:0 го совлада големиот Ливерпул. Навивачите на Црвена звезда сонуваа ваква вечер и после речиси три децении ја досонуваа. Спремија и убава кореографија, навиваа одлично а на крајот и прославија со играчите.

Сензација во Белград, Црвена Звезда го совлада Ливерпул!

Белградска Црвена Звезда ја слави најголемата победа во клупската историја по европската титула во Бари, откако вечерва со два прекрасни гола на младиот центарфор Милан Павков го скроти европскиот вицешампион Ливерпул.

Ѓердан Шаќири поради безбедност не патува со Ливерпул во Белград

Сагата меѓу навивачите од Србија и швајцарскиот фудбалски репрезентативец роден на Косово, продолжува. Односно медиумите неуморно ја продолжуваат.

Тивка вода Јаго Аспас - дискретниот херој кој го одби Реал за да остане на Океанот

Ако во Галиција, еден од најубавите реони во Шпанија кој излегува на Атлатнскиот океан прашате кој е подобар, Меси или Роналдо, ќе ви одговорат: „Јаспас“. А Јаспас е човекот-икона на Селта Виго кој се врати од Ливерпул само да биде дома меѓу своите.

Барселона одржа предавање на „Вембли“, Наполи го скроти скапиот Ливерпул

Пабло Росарио од ПСВ, Гроенвелд од Бриж и Наинголан од Интер постигнаа прекрасни голови кои ќе конкурираат за најубав погодок на колото во цела Лига на шампиони.

Анегдотата за тоа како Клоп пиел кафе во сопчето на хаусмајсторот на Наполи

Фудбалот, и секој друг спорт е убав од причина што се случуваат непоимливи работи не само на теренот, туку и надвор од него. Оваа приказна за гостувањето на Клоп и Борусија во Неапол е буквално за филм.

Во сабота немој да ми висиш пред телевизор

Ако во сабота во 15 часот седнете да гледате фудбал постои можност да не станете скоро до 23:00. Има толку јак и згуснат распоред на дерби средби, што не постојат ни шанси сите да ги изгледате, освен ако не држите повеќе од еден телевизор дома и многу пиво. Мелем за очи се утакмициве.

Азар два пати го доведе Хендерсон до лудило

Белгиецот на можеби најтешкото гостување во Англија покажа зошто е меѓу најдобрите фудбалери во Европа. Даде фантастичен гол за пресврт на „Енфилд“ (1:2) и неколку пати душа му извади на капитенот на Ливерпул кој од фрустрации му урлаше.

Ливерпул плати фудбалер 50 милиони евра и не го игра зошто не знае англиски

„Зошто тој Фабињо не го игра?“, е најчестото и најпопуларно прашање на стартот од новата сезона во Премиер лига.

Што му значеше прославата на голот на Боби Фирмино?

Сезоната само што почна и после неколку одиграни кола во англиската Премиер лига веќе ја добивме фотографијата на годината - палецот на Јан Вертонген во окото на Роберто Фирмино на мечот Тотенхем - Ливерпул.

Енфилд Роуд го слави Фирмино во 92-ра минута, реми за Ѕвезда

Ливерпул и ПСЖ целосно го оправдаа епитетот дерби во првото коло од ЛШ, а англискиот тим го урна скапиот француски состав и му покажа зошто лани беше во финале. Галатасарај тргна победнички пред своите навивачи, а со полн плен од гости си заминаа Атлетико и Борусија. Немаше голови само на Маракана.

Што издвои УЕФА од минатата сезона на Ливерпул

Екипата која ланска сезона беше страв и трепет за сите екипи во ЛШ се вика Ливерпул. Стигнаа до финале, но не успеаа да го минат силниот состав на Зидан. Ова се нивните најубави голови на сезоната во ЛШ според УЕФА. Вечерва од 21:00 ќе ги гледаме против ПСЖ. Какво дерби како за старт.

Ако не па Кариус да го вратат

Со головите на Мане и Фирмино, Ливерпул го совлада Лестер и ја запиша четвртата победа на четири меча во Премиер лига. Но мечот остана во сенка на кардиналната грешка на астрономски скапо платениот голман на Ливерпул, Бразилецот Алисон.

Верувале или не, Ливерпул ангажирал тренер за изведување аути

Иако на прв момент звучи смешно, аутот важи за еден од најважните елементи во фудбалот. Добро изведениот аут може да ти подари гол, а лошо изведениот може да ти направи сериозни скаламуции. Зошто?

Како новинар го смислил европскиот Супер Куп

Вечерва од 21 во главниот град на Естонија, Талин, ќе се игра мечот за Суперкупот на Европа меѓу победникот на Лига на шампиони Реал Мадрид и освојувачот на Лига Европа, Атлетико Мадрид.

Најтивкото засилување на Ливерпул кој еднаш играл и за Реал Мадрид

За 24-годишниот Бразилец Фабињо кој летово дојде во Ливерпул, јавноста не знае многу, а неговиот фудбалски пат е прилично интересен.

Како навивачите на Ливерпул го пречекаа Лорис Кариус?

Германскиот голман во Ливерпул ќе биде запаметен по катастрофалните грешки во финалето од Лига на шампиони против Реал. После тој меч Кариус беше исмеван по социјалните мрежи, добивал закани по телефон, клубот му најде замена во Бразилецот Алисон, а единствени кои го почитуваат се навивачите кои на пријателската против Торино го пречекаа со овации:

Па како да не го сакаш Клоп

Еден ден кога Јирген Клоп ќе треба да го напушти Ливерпул, со плачки ќе биде разделбата. Им влегува на навивачите во паб со тоа осмехот како Џулија Робертс, овие му пејат, а овој одма им се придружува. Па кај го има ова бе.

Баба му се гледала со Фергусон а тој заигра за Ливерпул

Детето на Ливерпул и најголемата прогноза на Стивен Џерард полека но сигурно фрла малтер на својата позиција во репрезентацијата која ќе ја забетонира во следните години. Трент Алекасндер-Арнолд по Ливерпул сега се докажува и за Англија и добро му оди.

Скршените очила на Јирген Клоп стојат во клупскиот музеј на Борусија

„Имам со црни рамки, добар модел, ама ме прават како сериски убиец“.

Голманите кои се појавија на проба во Ливерпул

Кој знае како ќе завршеше финалето во ЛШ меѓу Реал и Ливерпул, ако Кариус не беше кашкавал во тоа рацете. Вака човекот сега е оставен на милост и немилост во тролачкиот свет на интернетот скоро една недела.

Македонското знаме се развеа и на финалето на Лига на шампиони

Фан клубовите на Ливерпул и Реал Мадрид од земјава имаат стотици членови кои неуморно ги бодрат своите тимови секаде низ Европа. Така беше и во Киев каде се развеа нашето знаме.

Што правел Клоп во 6 наутро после поразот?

Додека играчите и стручниот штаб имале непроспана ноќ после тешкиот пораз од Реал во финалето на ЛШ, германскиот тренер се забавувал со навивачите.

Спектакуларен гол на Бејл и глупости на Кариус за 13-та титула на Реал

’Кралскиот клуб’ стана првиот клуб кој три пати по ред ја освои Лигата на шампиони откако вечерва во Киев убедливо го победи Ливерпул со 3:1.