На 28 ноември во Париз се играше големото дерби во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Ливерпул. Тој ден може да биде клучен во животот на двајца мигранти од Африка.
Мигрантите од африканскиот континент по секоја цена бараат спас во Европа. Состојбата во нивните земји е многу далеку од добра па тие бараат секакво чаре да отидат во поуредените системи.
Илјадници мигранти пробуваат со бродови, други по секаков друг пат, но никому не би паднало на памет да проба со навивачите на еден од најславните европски клубови. Мечот ПСЖ - Ливерпул во Париз беше совршена прилика за гостување на „скаузерите“ кои не штедат пари, време и енергија да ги бодрат „црвените“ каде и да играат.
Францускиот Le Monde носи неверојатна приказна за двајца мигранти од Африка, поточно од Судан, кои надвор од стадионот дошле до еден автобус кој ги превезувал навивачите од Англија во Франција и обратно.
Ним им било важно само да ја преминат границата и потоа во Велика Британија да бараат азил.
Во договор со хуманите навивачи на Ливерпул, едниот се скрил близу моторот а другиот меѓу багажот. Свесни дека илјадници нивни сонародници неуспешно пробуваат да ја минат границата кај пристанишниот град Кале, овие двајца решиле на опасен начин да ја пробаат среќата.
Од Париз до Кале има околу 295 километри или 3-4 часа возење со автобус а потоа патот до Англија трае уште неколку часа.
Incredible scenes on one coach coming back from Paris! https://t.co/9uJFNjzUjM
— Liverpool FC News (@LivEchoLFC) November 29, 2018
Кога конечно стигнале на англиско тло, навивачите го сопреле автобусот и ги извадиле преморените мигранти кои биле пресреќни што успеале. Во ситуација кога во Европа се води жестока политика против азилантите, навивачите на Ливерпул направиле големо хумано дело.
Ги качиле горе во автобусот, им дале храна и пијалаци и тие двајца делувале како да се исто навивачи на Ливерпул па не се криеле од полицијата.
„Не можам ни да замислам што се овие две момчиња минале во минатото. И ризиците низ кои поминале да стигнат во нашата земја“, рекол еден а друг коментатор напишал: „Оваа насмевка е чиста среќа“.
That smile is pure relief and genuine happiness. Bet they never thought the random bus they chose would feed and water them instead of abuse them.
— Andy (@LoweyLtd) November 29, 2018
Good luck to the Sudan Reds 🔴 pic.twitter.com/MU5DCttwRp
The way all our passengers were to the Asylum Seekers when they were in the UK is a credit to them, the club and the city 🔴🔴🔴🔴🔴🔴 pic.twitter.com/zHciQtCas5
— Football Travel Limited (@travel_limited) November 29, 2018
Сторијата ја пренел и локалниот весник Echo кој ги ставил на насловна со наслов: “Црвена рута до слобода“.