Таг: лионел меси

Меси или Марадона? Шукер или Шурјак?

Нашиот легендарен Таско (Атанас Костовски) ако памтите во преносите на Хрватска на Светското 1998 го мешаше Давор Шукер со Ивица Шурјак, репрезентативец на Југославија (1973–1982). Сличен превид му се случи и на еден полски коментатор на Мундијалот во Русија со Меси и Марадона.

Може ќе ми ја земеш на куково лето

Де бе куче нели сконта дека на иста финта те лета цело време. Зар на Меси не можеш да му ја земеш? Гледаш колку е слаб, не знае да дрибла па со рака ја фаќа.

Денот кога Меси ја облече 10-та

На 24 јули 2008-ма каталонскиот дрес со број 10 за прв го облече Лионел Меси. Тоа се случи за претсезонски меч против Хиберниан кој заврши 6:0. Една недела претходно Барселона ја напушти Роналдињо кој замина во Милан и ја ослободи 10-та. 10 години подоцна овој човек стана икона на клубот со бројот кој го имаат носено многу фудбалски легенди.

Меси повеќе од пола Светско првенство го поминал во одење

Аргентински навивач се јавил во програма на радио за да ја каже тактиката која Сампаоли треба да ја примени на Светското, а таа гласи едноставно: Давајте му топки на Меси. Дали некој го послуша? Епа му давале топки, ама во шеснаесетник само две.

Ок, голем е Господ, ама не дека дреме на Светско

„Знаев дека Господ беше со нас!“ е изјавата на аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси, која натера еден италијански читател да го запраша уредникот на весникот што тоа го објавил, како е можно на Господ да му се припишат фудбалски симпатии.

Брутално јак трол за Меси

По денешната елиминација на Аргентина и сите тие перипетии и муабети за тоа кој уствари го водеше тимот на ова Светско, Гери Линекер се отвори на Твитер до даска.

И Аргентина има свој Хорхе

Сампаоли е единствениот селектор на Светското кој се откажа од својата првобитна формација а и целосно изгуби контрола над репрезентацијата, па Аргентина може и без него на клупата.

Транс на Аргентинците во Буенос Аирес и Барселона

Во маалата на Буенос Аирес каде се живее за „гаучосите“ синоќа била права лудница. А весело било и во Каталонија.

Новинарот кој му донесе среќа на Меси

Новинарот: По првиот натпревар ви дадов амајлија што ми ја даде жена ми, не знам дали ја фрливте или...? Меси му ја покажува дека ја носел во нога, новинарот воодушевен, се врти накај камера и не може да поверува.

Како Аргентина може во следна фаза?

По бродоломот на Аргентинците, одново се активираа хејтерите на Лионел Меси и неговата репрезентација кои сметаат дека „Гаучосите“ ги изгубија сите шанси за осминафинале. Дали е така?

Меси се враќа дома

И покрај тоа што одговорноста оди кај сите играчи со се селекторот, се знае кој ќе го изеде најмногу по социјалните мрежи по овој висок и срамен пораз на немоќната Аргентина. 

Облечи ги истите сандали за Меси да проработи

Во првото коло Аргентина одигра само 1-1 со Исланд а трагичар на мечот беше Лионел Меси кој промаши пенал за 2-1. Една девојка од Аргентина забележала како сопругата на Меси, Антонела Рокуцо на две големи историски победи на Меси во финале на ЛШ 2015 и прослава на титула во Ла Лига 2018 носела исти сандали. Ги замолува сите твитерџии да ретвитаат за Антонела вечерва за дуелот со Хрватска (20 часот) да ги облече истите сандали.

Човекот кој сакаше да го убие Меси за пеналот

Аргентина тргна лошо на Мундијалот и ги разочара своите навивачи со оние 1:1 против Исланд. Ама овој што го снимиле скрена целосно и претпоставуваме дека ставил многу пари на Гаучосите.

Исландскиот коментатор кога на Меси му одбранија пенал

Сигурно не сте го заборавиле по шоуто на Европското 2016. Гудмундур Бенедиктсон или скратено Гуми Бен. Кога Ханес Хандорсон му одбрани пенал на Меси збудале од среќа.

Најистрошените селекции и играчи кои ќе настапат на Светско

Со 60 одиграни натпревари и вкупно 5.008 минути на терен, Лионел Меси е четвртиот играч кој најмногу одиграл фудбал изминатава сезона, а колку има само очекувања од него во Русија. И да, Англија не е селекција со најмногу одиграни минути.

Зошто Меси се сликал со кози?

Лионел важи за најдобриот играч на сите времиња, а скратен термин за оваа дефиниција е G-O-A-T или Greatest Of All Time.

Синовите на Меси славеа со песна за победата на Аргентина

Во пресрет на Светското првенство Аргентина одигра пријателска против Хаити. Мечот кој се играше на стадионот „Алберто Армандо“ во Буенос Аирес заврши 4:0 за „Гаучосите“ а главна ѕвезда беше кој друг ако не Меси со хет-трик.

Двајца од Хаити vs Меси

Аргентина имаше лесен тренинг против Хаити како дел од подготвителните натпревари за СП. Победија 4:0, а учинокот на Меси беше: Хет-трик, асистенција и двајца жртви кои се обидоа да му ја земат.

Теориите поради кои Мауро Икарди нема да оди на Светско

Во репрезентацијава на Аргентина летово нема да го видиме еден од најефикасните напаѓачи на светот а причините за тоа се од крајност во крајност. Некој смета дека Меси одлучува за сè кај „Гаучосите“ и дека поради тоа Мауро не добил повик.

Меси е појак од Роналдо и крај

Може ли после оваа споредба да завршиме со тој муабет, м?

Податок на денот

Контроверзното судење од ЛШ се префрли во Ла Лига, овој пат повеќе на штета на Реал. Но од Ел Класико кое повеќе се играше за престиж, отколку за резултат овој пат најмногу вреди да се истакне еден страшен податок, можеби еден и единствен во фудбалот. Поврзан е со двајцата великани и најголеми фудбалски ѕвезди на планетава кои со по еден гол заедно стигнаадо еден чудесен рекорд.

Ла Лига му се поклонува сезонава на Меси

Најмногу голови, најмногу голови надвор од шеснаесетник, најмногу голови од слободен удар, најмногу асистенции, најмногу шутеви, најмногу створени шанси...Едноставно зборот „најмногу“ сезонава во шпанското првенство се врзува со асот на Барселона кој веќе освои два нови трофеи.

Меси го даде 1.000-от гол од кога почнал на 7 години

Како што пишува Mundo Deportivo, Лео кој синоќа запиша хет-трик на гостинскиот меч во 35. коло против Депортиво (2:4), го постигнал јубилејниот 1.000 гол во својата кариера. Сè почнало уште од 1994 година кога Меси на седум годишна возраст почнал да игра за Њуелс Олд Боис.

Солзите на легендарниот Иниеста и чудесната Барса

На завршната церемонија за победникот во шпанскиот Копа дел Реј по традиција пехарот го креваат капитенот и заменик капитенот, но овојпат Лео Меси го отстапи местото за големиот Андрес.