Фердинанд: Нема да спијат вечер фудбалерите на Ливерпул

Двете легендарни англиски фудбалски имиња синоќа урлаа на голчиштето на Меси постигнато против англиски тим. Тука не се работи за навивање за едниот или ситење против другиот, туку за воодушевување за тоа што го прави овој немилосрден човек во Барселона.

Гери Линекер и Рио Фердинад се родени за шоу во студио, а синоќа одлепија на евроголот на Меси против Ливерпул од кабината каде беа сместени.

Реакцијата на поранешните англиски фудбалери кои работат како аналитичари во БТ Спорт е само доказ плус дека нема човек кој не се воодушевува од ова што го прави Меси.

Фердинанд за Меси и полуфиналето на Камп Ноу рече:

„Феноменален играч, има буквално се и тој е еден од најдобрите на сите времиња, а можеби и најдобар. Чест ми е што сум сведок на неговата игра и што ќе можам на моите деца да им зборувам него. Тој може да го одлучи натпреварот кога ќе посака.“

„Овие играчи на Ливерпул нема да спијат вечерва. Салах на моменти не можеше да продуцира нешто, а Тер Штеген повторно беше одличен денес. Мислам дека Клоп ги постави многу добро. Тоа беше израмнет натпревар кој личеше на кошаркарски. Ние ги напаѓаме, па тие не напаѓаат.

„Ливерпул создаде шанси на највисоко ниво, но мора да ги завршите тие шанси. Мора да работите понапорно против Барселона. Ако дадеа гол ќе беше поинаку на Енфилд. Салах мораше да ја финишира таа шанса на крајот“.

2 мај 2019 - 13:22