Меси треба да умееш и кога да го поштедиш па да го пуштиш како темпирана бомба

Ернесто Валверде изгледа на тивок и повлечен, а во својата кариера никогаш не водел поголем клуб од Барселона. Но на шпанскиот стратег му е совршено јасно каков монструм од играч има во тим. Па така тикво и можеби за некои незабележливо повлече многу важни тактички потези со Меси.

Лионел Меси влезе свеж во полуфиналната пресметка од ЛШ против Ливерпул како никогаш до сега. Е како така? Епа така. Тој што е опседнат со статистика може најдобро да го нотира тоа.

Капитенот на Барселона сезонава бил стартер на 38 од вкупно 54 натпревари, што е нешто невообичаено за него. Тоа е една од најголемите негови поштеди во кариерата и најголема во последните 10 години. Во сезоната 2008/2009 и 2015/2016 стартер бил на 41 средба.

Благодарение на одлуките на Валверде тој одморал 870 минути. Тука се разбира не се сметаат и оние 360 минути кога не ги играл поради повреда, а го немаше ниту на пријателските натпревари на Аргентина.

Оваа сезона Меси испушти вкупно девет натпревари. Четири поради повреда (Со Интер во ЛШ, Реал и Рајо во Ла Лига и Леонеса во Куп) и пет затоа што не бил повикан (Со Интер во ЛШ, Леонеса, Леванте и Севиља во Куп и Хуеска во Ла Лига).

Во други седум мечеви Валверде го пуштил од клупа (Со Тотенхем во 27 минута, Реал 27`, Леганес 26`, Виљареал 29`, Алавес 29` и Леванте 45`.

Тоа се вкупно 16 средби или 10 помалку од лани кога Валведере го играл на 48 натпревари за разлика од сегашните 38.

Меси на 24 јуни ќе наполни 32 години, а човек на таа возраст со одиграни 683 средби само за Барселона треба да знаеш и кога треба не треба да го трошиш.

Во саботата против Леванте беше на клупа, влезе во 46-та минута место Кутињо и го реши мечот после 15 минути со гол вреден титула за Барселона.

За него тоа е 10-та во 15 сезони во Барселона. Оваа временска дистанца во која го носи нивниот дрес ќе се раскажува вечно во каталонскиот град. Во период од 105 години Барселона освои 16 титули, а откако игра тој за нив освоија уште 10. Каков податок.

А пазете и ова. Кога аргентинскиот ас дебитирал за Барселона во октомври 2004-та, разликата во сите трофеи меѓу Реал и Барса била 72:61 во корист на Кралевите. 15 години подоцна Каталонците водат 95:92.

Зборуваме за гениј со топка кој дава повеќе голови од што игра натпревари. Само сезонава има 48 гола на 46 средби, а стигна и до величествената бројка од вкупно 600 клупски голови во кариерата, потоа 50 хет-трикови, 33 клупски трофеи и да не набројуваме други рекорди бидејќи ќе ни снема хартија.

Добро де, ај уште две работи:

Листа со број на голови против шесте најголеми англиски екипи на која само Меси нема играно во Премиер лига.

И уште нешто од сезонава

3 мај 2019 - 13:42