Првиот гол го даде на 1 мај 2005, а 600-от на 1 мај 2019

Секој љубител на спортот треба да биде среќен што живее во исто време со еден од најдобрите фудбалери откако се игра оваа игра. Пред 14 години на 1 мај 2005 година 17 годишниот Лионел  прво во 88' минута влезе во игра наместо Ето, а 3 минути подоцна на асистенција на Роналдињо против Албасете го постигна дебитантскиот гол за Барселона. Синоќа на 1 мај 2019 го даде 600-от гол за Каталонците, против Ливерпул во полуфинале на ЛШ.

Од слободен удар Лионел постигнал дури 7% или 42 од вкупно 600 гола за Барселона. Јубилејните погодоци му одеа вака:

100-от против Севиља во јануари 2010
200-от против Викторија Плзен во ноември 2011
300-от против Гранада во февруари 2013
400-от против Валенсија во април 2015
500-от против Севиља во ноември 2016.

 

2 мај 2019 - 08:38