Не е нормален

Во топ листата на стрелци во Ла Лига, кај Меси треба да има една посебна графа со голови од слободни удари,  Па кога и да отвори човек хајлајтс на Барселона каде тој е стрелец, има гол од слободен удар. 

Виљареал и Барселона синоќа одиграа луд натпревар со 8 гола. Барса во прво полувреме имаше водство 1:2, но Виљареал во вториот дел успеа да направи целосен пресврт и до 90-та имаше победа во раце бидејќи водеше 4:2.

Но со Меси никогаш не си на чисто и во последно време слободните удари му станаа како пенали. На претходниот меч против Еспањол “лудакот“ успеа да постигне гол од слободен со паненка, а синоќа во 90-та стрелаше за 4:3 по што по 3 минута од судиското Суарез ги постави конечните 4:4.

Сите 8 гола од мечот

 

Пазете го податоков

И мора уште еднаш ова интелигентно ремек дело против Еспањол. Нема тука употребување сила.

3 април 2019 - 09:20