Светскиот портал Goal.com синоќешната елиминација на Барселона ја нарече „Колапс на векот“, а тоа најубаво може да се забележи во ова тажно и очајно лице на Лионел Меси кој не застана во микс зоната да ги испочитува новинарите.
La cara de Leo Messi al pasar por la zona mixta de Anfield. @ellarguero pic.twitter.com/NVrz8DG8Zm
— Adrià Albets (@AdriaAlbets) May 7, 2019
Барселона сама си е крива за дебаклот бидејќи не ги реализираше укажаните шанси за гол, особено оние на Лионел Меси кој испушти зрели прилики, како оваа во 16-та минута.
Внимавајте на податоков:
Лионел Меси не постигнал гол во едно гостинско четвртфинале или полуфинале во ЛШ уште од 2013-та против ПСЖ кога Дејвид Бекам играл за Парижаните.