На завршната церемонија за победникот во шпанскиот Копа дел Реј по традиција пехарот го креваат капитенот и заменик капитенот, но овојпат Лео Меси го отстапи местото за големиот Андрес.
Последниот свиреж на Олимпико во Рим не ја сигнализираше само капитулацијата на Барселона во Лигата на шампионите, туку и на Лионел Меси кој ја загуби топката 19 пати, шутна само два пати во рамки на гол од пет обиди и не даде ниту еден гол.
Во саботата Баерн го згроми Аугзбург со 1-4 и по рекорден шести пат по ред стана шампион на Германија. Шеста титула по ред во кариерата славеше и 21-годишниот Кингсли Коман.
Репрезентацијата на Шпанија ја прегази Аргентина со 6-1, а кога петтиот и шестиот гол паднаа во рок од неколку секунди, најдобриот играч на светот кој од ложата ја гледаше пријателската реши да стане и да замине пред време.
Првиот му го даде на Панатинаикос и на рекордни 123 средби стигна до јубилејна 100-ка. Антонио Конте по синоќешната елиминација на Челси од ЛШ изјави: „Играчи на нивото на Меси се раѓаат еднаш на 50 години“.
Навивачите на Барселона не можеа да извадат појака парола посветена на осмиот човек во историјата на фудбалот кој стигна до 600 голови во кариерата за клуп и репрезентација.
Човек кој има 44 хет-трикови, 39 голови од слободен удар, 30 трофеи и вкупно 600 голови во кариерата, сето ова до својата 30-та година од животот не може да не го добие епитетот Бог на фудбалот.
Знаете ли зошто живиот ѕид при изведување слободен удар често пати е измешан од играчи на двете екипи? Ќе сфатите од ова видео на кое се гледа како Бускетс им кажува на своите колеги дека треба да му го сокријат погледот на Облак да не ја види топката. Потоа Меси изведува и погодува за 1:0, а тоа значи +8 на табела во однос на Атлетико Мадрид.
На 14. февруари годинава 19-годишниот Николас Круз со автоматска пушка уби 14 ученици и 3 наставници во школо на Флорида. Бројот на жртвите можел да биде многу поголем ако не бил 15-годишниот Ентони Боргес.
Лондонскиот прволигаш е една од ретките екипи против која Меси играл, а не успеал да даде гол. Статистиката ви е веќе позната: 8 меча, 29 обиди, ниту еден погодок. Некој седнал и ги собрал сите шанси во едно видео.
Пред пар години на Копа Америка се сретнаа Уругвај и Аргентина. Во еден момент капитените на двете репрезентации несвесно направија многу, многу чуден потег. Синхронизирано го изведоа како да се договориле.
Фудбалерите на Барселона синоќа ја совладаа Валенсија на гости со 0:2 и станаа првиот тим во историјата со пет финалиња по ред во Копа дел Реј. Меси го немаше меѓу стрелците, ама по две илјадити пат во кариерата ги тероризираше противниците.
Барселона и Реал Мадрид се во една од најздодевните трки за титулата во последниве неколку години. Кралевите се четврти на -19 со четири порази, а Каталонците се неподливи. Оваа драстична разлика меѓу големите ривали ја отсликува и формата во која се наоѓаат нивните лидери.
Не се бројат повеќе рекордите на човекот кој само ги поместува границите во фудбалот, а ниту неговите евроголови. Синоќешниот датум, 14 јануари 2018-ма долго ќе се памети, бидејќи сруши страшен рекорд поставен во 70-те.
Уште кога не бил толку познат и успешен или да речеме некаде на стартот на неговата ера, Лионел Меси одржал една лекција во која е професор, а тоа е играта еден на еден. На едноставен начин преку пракса, тој објаснува како да го измамиш чуварот на три начини.
Роналдо, Меси, Нејмар, Мбапе, Погба, Балотели, Лавеци, Дани Алвеш, Рибери и компанија многу добро знаеме како играат фудбал, ама не знаеме баш што прават кога не играат фудбал. Изборот на годината со нивни будалаштини и заебанции е о д л и ч е н.
Во годината со која се поздравивме имаше многу настани кои ќе се раскажуваат уште долго време. Прошталните средби на Тоти и Чаби Алонсо, хет-трикот на Меси за пласман на Светско, смешниот Мамаду Сако, голманот на Мајнц и уште многу други.
5 од слободен удар, 10 од пенал и уште 39 од игра. Тоа е учинокот на волшебникот на Барселона изминатата година кој поради незапирливиот Кејн кој даде 56 е на втора позиција. Ја гледате компилацијава и мислите дека е скијање.
Сте виделе ли како реагира дете ако му згрмиш со зборовите: Ако не бидеш умен, Луиз Суарез ќе дојде навечер и ќе ти го гризне вратот? Или ако му кажеш дека Арсен Венгер ќе потпише за Арсенал на уште 10 години? Реакцијата им е врв.