А од тие 4 во последна фаза на гласање, дури 3 биле на Лионел Меси, и еден на Сержи Роберто.
Најмногу гласови од сите собрал чудесниот погодок на Лео против Хетафе на 18 април 2007 година, во првиот полуфинален меч од Купот на кралот. (погледнете после голот како Ето се држи за глава):
Прва „жртва“ на генијалниот налет на Меси тогаш беше Хавиер Паредес:
„Можев да го фаулирам во еден момент, но не го направив тоа, зошто имаше голем ризик да добијам жолт картон. Не можев да поверувам што ни направи“.
Втор кој падна како цигла беш Начо Перез на кого Меси му ја протна низ нозе:
„За сите да разберат точно како топката ми ја протна низ нозе, да кажам дека не беше се така глатко како обично бидува со Меси. Го стигнав и се потпрев со рака на него, а кога стигна до шеснаесетникот, му го блокирав движењето право, но тој наеднаш сврти налево. Денес морам просто да кажам дека моравме да го фаулираме“.
Следни кои Меси „ги направи мајмуни“ беа Алексис Руано и Давид Беленгер кој испадна од игра со лизгачки старт: „Малку ја потфатив топката, но не беше доволно“, се сеќава Белегер.
На второ место со 28% освоени гласови беше „голасото“ на Лионел против Атлетико Мадрид во сезоната 2014/2015
Los dos grandes finalistas....
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) March 28, 2019
45% 🆚 28% de los votos
¿Cuál será el gol ganador?🤔
🥁🥁🥁#BarçaBestGoalEver pic.twitter.com/lP7kssNvEW
На трето место со 16% гласови беше чудото на Аргентинецот против Реал во ел класико 2010/2011:
En tercera posición...🥁🥁🥁
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) March 28, 2019
Con 4.198 votos...
Leo #Messi 🆚 Real Madrid#BarçaBestGoalEver pic.twitter.com/I3LEUBIXfI
Погодокот на Серџи Роберто против ПСЖ во нокаут фазата од Лига на шампиони 2016/2017 е избран за четврт најдобар гол во клупската историја - со 11% гласови.
На Лионел му ја врачиле наградата за најдобар гол во историјата на Барселона, а чуди податокот што лудачкиот гол на Ривалдо со ножички против Валенсија кога ја однесе Барса во Лигата на шампиони во судиско продолжение, не се најде во најтесниот избор.