Реал Сосиедад вечерва не ја сопре Барса која славеше 1:0, ама го спречи Меси да даде гол од слободен удар. Како? Со специјална тактика која ја вежбале на тренинг. Се состои од три живи ѕидови во формација 3-4-3. Тоа е, нема друго чаре.
И покрај тоа што УЕФА за потег на денот прогласи дриблинг на Mеси, Твитерџиите на големо го споделуваат и коментираат моментот кога Меси беше жртва, бидејќи е реткост. Тоа му успеа на Оспина кој многу ладно го измрда или ако сакате, Меси се излизга како на сличуги во обид да скрати евентуално додавање до бекот.
Кога камерата во текот на еден пренос го дава во кадар Пеп Гвардиола, речиси никој не знае кој е човекот кој седи или стои во негова близина. Станува збор за икона на шпанското ватерполо, рекордер по број на настапи и голови и личен советник на Пеп Гвардиола со кого освојуваат трофеи насекаде.
Иако од страна делува дека на „Камп Ноу“ навидум сè е ко подмачкано, последните информации од шпанските медиуми пишуваат тотално спротивно. Абидал ги обвини играчите, Меси го обвини Абидал.
Огнениот старт на 2020-та година - 6 гола на 3 меча за Јувентус, придонесе Кристијано Роналдо да влезе во Топ5 најдобри стрелци во историјата на фудбалот според Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation (RSSSF).
Каталонците синоќа го пробија бедемот на Гранада дури на 15 минути пред крај и славеа 1:0. Бускетс е Мојсовски, Меси е Миркуловски, Гризман е Манасков. а Видал е Столе. Вака оди тоа.
Бидејќи деновиве е ИН да се прават споредби 2009-та со 2019-та, да ѕирнеме и малку статистика на таа тема, ама опасна. Ете до колку се мрднати овие двајца. Кој ли ќе ги стигне нивните дострели со кои ги поместија границите во фудбалот?
Шалата на страна, право уживање е што сите сме современици со најдобриот фудбалер на сите времиња, човекот од друга планета кој пред некој ден по 6-ти пат ја доби наградата Златна топка која се доделува за најдобриот играч на светот. Еве што им прави на колегите на тренинг кога не го гледаат многу луѓе.
Атлетико е Атлетико со Ел Чоло. 90 минути гризе, игра цврсто и одлично им парира на Реал и Барса низ годиниве. Ама и 120% да дадат од себе, пак е џабе кога треба да се чува најдобриот.
Како што се наближува почетокот на 2020-та година, така полека може да се заокружи циклусот на најпознатите фудбалски погодоци во изминатите 10 години. Речиси сите се познати, а има и некои кои сме ги подзаборавиле.
Со головите на ѕвездите Агуеро, Меси, Суарез и Кавани, Аргентина и Уругвај одиграа пријателска 2:2. Му се сипаа на тоа малото четворица еден по друг и? Што и, џабе и гурање и паѓање, не е нормален, тоа е тоа.
Ако не го видовте финишот од првиот дел на средбата Барселона - Селта, сте испуштиле многу. Двајца јужноамериканци се такмичеа кој ќе даде појак гол од слободен удар. Во 42-ра минута Уругваецот Лукас Оласа го замолчи Камп Ноу, ама затоа го предизвика доктор Лео Меси.
Уште кога го направи трансферот се отворија муабети дека не го сакаат, а тоа не е добро ни за него, ни за нив, а најмалку за клубот кој губи од Леванте, а потоа не може да ја победи Славија Прага.
Пред мечот Барселона - Славија Прага (0:0, не знаеме кога последен пат не дале гол на „Камп Ноу“), децата кои излегуваат на терен со играчите не можеа да дочекаат тој да се појави, додека гостиве од Славија нервозни стојат во тунел и слушаат како одзвонува името на тој што треба да го чуваат.
Одбраната на Славија Прага синоќа имаше пеколно тешка задача, бидејќи гостинот во ЛШ по име Барселона им тргна во напад со триото Меси-Суарез-Гризман. Погледнете ги овие радости на нивниот дефанзивец Давид Ховорка, не затоа што му ги зема, туку само му исфрли две топки на Меси.
Меси го начна и 33-от различен клуб во ЛШ и се израмни со Роналдо и Раул на оваа листа. Халанд стана првиот играч во историјата на ЛШ кој дал 6 гола на првите 3 меча во ЛШ. Елмас доби 10 минути во триумфот на Наполи.
Ја остава лабаво да му оди зад грб и не само што ја удира, туку ја смирува со петица без да ја гледа и си ја мести на другата нога за да ја врати. Ете затоа имаме тотално право за некои играчи да кажеме дека се волшебници со топка.
Обично е тивок на зборови и ретко го гледаме да влегува во конфликт со судии. Но на крајот од мечот против Севиља, Меси имаше обид да го оправда Осман Дембеле за црвениот картон на начин кој нема шанси да му пројде ни во трета лига.
Во дербито на колото во шпанската Ла Лига, Барселона на „Камп Ноу“ со 4-0 ја размонтира Севиља и стигна до 2. место на табелата, зад вечниот ривал Реал Мадрид.
Шест кратниот освојувач на признанието на ФИФА за играч број 1 во светот, синоќа за малку не го постигна еден од најубавите голови во кариерата од индивидуална акција. Нема кога ќе тргне ко јапонска локомотива е. И не само тоа, синоќа против Севиља ја прекина серијата без гол како што е редот, со велемајсторија.