Со головите на ѕвездите Агуеро, Меси, Суарез и Кавани, Аргентина и Уругвај одиграа пријателска 2:2. Му се сипаа на тоа малото четворица еден по друг и? Што и, џабе и гурање и паѓање, не е нормален, тоа е тоа.
Ако не го видовте финишот од првиот дел на средбата Барселона - Селта, сте испуштиле многу. Двајца јужноамериканци се такмичеа кој ќе даде појак гол од слободен удар. Во 42-ра минута Уругваецот Лукас Оласа го замолчи Камп Ноу, ама затоа го предизвика доктор Лео Меси.
Уште кога го направи трансферот се отворија муабети дека не го сакаат, а тоа не е добро ни за него, ни за нив, а најмалку за клубот кој губи од Леванте, а потоа не може да ја победи Славија Прага.
Пред мечот Барселона - Славија Прага (0:0, не знаеме кога последен пат не дале гол на „Камп Ноу“), децата кои излегуваат на терен со играчите не можеа да дочекаат тој да се појави, додека гостиве од Славија нервозни стојат во тунел и слушаат како одзвонува името на тој што треба да го чуваат.
Одбраната на Славија Прага синоќа имаше пеколно тешка задача, бидејќи гостинот во ЛШ по име Барселона им тргна во напад со триото Меси-Суарез-Гризман. Погледнете ги овие радости на нивниот дефанзивец Давид Ховорка, не затоа што му ги зема, туку само му исфрли две топки на Меси.
Меси го начна и 33-от различен клуб во ЛШ и се израмни со Роналдо и Раул на оваа листа. Халанд стана првиот играч во историјата на ЛШ кој дал 6 гола на првите 3 меча во ЛШ. Елмас доби 10 минути во триумфот на Наполи.
Ја остава лабаво да му оди зад грб и не само што ја удира, туку ја смирува со петица без да ја гледа и си ја мести на другата нога за да ја врати. Ете затоа имаме тотално право за некои играчи да кажеме дека се волшебници со топка.
Обично е тивок на зборови и ретко го гледаме да влегува во конфликт со судии. Но на крајот од мечот против Севиља, Меси имаше обид да го оправда Осман Дембеле за црвениот картон на начин кој нема шанси да му пројде ни во трета лига.
Во дербито на колото во шпанската Ла Лига, Барселона на „Камп Ноу“ со 4-0 ја размонтира Севиља и стигна до 2. место на табелата, зад вечниот ривал Реал Мадрид.
Шест кратниот освојувач на признанието на ФИФА за играч број 1 во светот, синоќа за малку не го постигна еден од најубавите голови во кариерата од индивидуална акција. Нема кога ќе тргне ко јапонска локомотива е. И не само тоа, синоќа против Севиља ја прекина серијата без гол како што е редот, со велемајсторија.
Да се даде еден гол во елитното друштво е подвиг, а камоли 4 или 5 на еден натпревар. Тоа му појде од нога на Серж Гнабри од Баерн Минхен кој влезе на листата од 12 играчи кои постигнале по 4 гола на 1 меч во новиот формат на ЛШ (од 1992). Само двајца броеле дури до 5 гола.
Не знаеме дали на толку срушени им е уште предизвик воопшто да бркаат нови, ама ако продолжат да играат на ова ниво, тие сами ќе си дојдат. Што се однесува до број на голови, нема кој да ги стигне во блиска иднина. Роналдо 129, Меси 115.
Треба да сме среќни што гледаме фудбал во време на Меси и Роналдо, бидејќи двајца вакви монструми во исто време кој знае кога пак ќе се родат. Крај нема на анегдоти за нив, а особено е важно што ги даваат нивни колеги кои без памет останувале кога требало да ги маркираат.
Наградата The Best која што ја доделува ФИФА од 2016 година, синоќа во Милано ја доби Лионел Меси. Во претходните три изданија секој пат победуваше играч на Реал Мадрид (два пати Кристијано и еднаш Модриќ).
По пауза од четири години, Лионел Меси ја освои наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во светот за 2019-та, вкупно шеста во неговата кариера. На гала церемонијата во Милано водителката му пријде, ама немаше среќа. Колку и да не го бива за зборење, требаше да ја испоштува.
Лионел Меси и официјално влезе во светот на модата. Го претстави брендот за облека Messi во бутикот Santa Eulalia кој посто од 1843 година и кој денес продава Balenciaga, Moncler, Tom Ford и Stone Island. Во овој бутик сега можа да се купи и брендот на Меси.
После толку долго ривалство кое им трае 15 години, да земеш на Роналдо да му скандираш Меси или обратно е скроз банално. Плус не се од вчера, ако мислиш дека ќе им посметаш или ќе ги понервираш. Волци се бре, не ве ни слушаат.
Неговиот сакан клуб од детството, Њуелс Олд Бојс на својот Твитер профил објави архивска снимка со мајсториите на Лионел како мал. Идентични дриблинзи, брзина и луциднос како денес.
На гала вечерата во Монако, покрај ждрепката за Лига на шампиони, се бираше и најдобар игач во Лигата на шампионите за минатата сезона. Го избраа Вирџил Ван Дајк од Ливерпул, а момент на вечерта беше муабетот на Меси и Роналдо кои седеа еден до друг.
Бетис синоќа неочекувано поведе против Барселона на Камп Ноу со гол на новото засилување Набир Фекир во 15’ минута, а помалиот син на Меси, Матео се израдува па доби укор од татко му и од Суарез.
Салвадор Апарисио, човекот кој починал во 2008-ма година, на времето раскажал како се случило Лионел Меси првпат да игра фудбал со поголеми и постари од него и како баба му е најзаслужна за тоа.
Триесет и две годишниот капитен на Барселона се врати во полн тренинг по повредата која што ја доживеа за време на предсезонскиот период. Се очекува Меси да игра на следниот меч против Бетис во Ла Лига.
Барселона синоќа ја крева завесата во Ла Лига со гостување против Атлетик Билбао. Меси уште не е фит, но за кога ќе им се приклучи да биде што покорисен и поопасен во напад, прави специјални вежби на песок само за левицата. Вака оди тоа.