Само еден човек играл и против Марадона и против Меси

Изјавата на Алесандро Костакурта дека Меси бил толку јак уште на 16 години, што при една пријателска средба тој побарал од Анчелоти да го извади од игра после 15 минути за да не се посрамоти. Ама работата е што Костакурта никогаш не играл против Меси.

Тешко е денес да се најде кој има играно против Диего Марадона на времето и против Лионел Меси во современо доба.

Еден од најдолговечните поранешни фудбалери, кој играше за Милан до 41 година - Алесандро Костакурта, во студиото на Скај Спорт каде работи како стручен коментар раскажал како е да се игра против двајцата најдобри аргентински фудбалери на сите времиња.

„Имав среќа да играм против двајцата и против Меси и против Диего. И двајцата се генијални на теренот. Марадона можевме да го фаулираме 66 пати пред да ни дадат жолт картон. Со Лео е поинаку, сега е поразлично.

Мислев дека е дете и дека ќе можам да правам што сакам со него. Но после 15 минути се свртев кон Анчелоти и барав измена. Не сакав да се срамам“.

ПРОБЛЕМОТ Е ШТО КОСТАКУРТА И МЕСИ НИКОГАШ НЕ ИГРАЛЕ ЕДЕН ПРОТИВ ДРУГ, ПА НИ НА РЕВИЈАЛНИ ПРИЈАТЕЛСКИ СРЕДБИ

Ако детално се рудари и копа по интернет, нема да се најде натпревар кога Меси играл против Костакурта.

Кога ќе се прегледаат сите натпревари меѓу Милан и Барселона во 2000-те години, па дури и пријателските, ќе се види дека Меси и Костакурта не се вкрстиле ниту на клупа за резерви.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ:

2000 - Барселона - Милан 0:2 (Костакурта играл, Меси не)
2000 - Милан - Барселона 3:3 (Костакурта играл, Меси не)
2004 - Милан - Барселона 1:0 (Меси на клупа)
2004 - Барселона - Милан 2:1 (Меси на клупа)
2006 - Милан - Барселона 0:1 (ни Меси ни Били Костакурта)
2006 - Барселона - Милан 0:0 (Костакурта)

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

2003 - Турнир во Вашингтон (ни Костакурта ни Меси)
2004 - Трофеј Жоан Гампер (Костакурта изваден од игра)
2006 - Проштален меч на Албертини (Костакурта)

За секој случај ако ги проверите и дуелите меѓу репрезентациите на Италија и Аргентина ќе сфатите само дека Костакурта заврши репрезентативна кариера во 1998-ма.

Во Лига на шампиони 2005/2006 Костакурта и Меси во теорија можеле да играат еден против друг во полуфиналето, но Лео во март доживеал повреда на потколеницата и го пропушти остатокот од сезоната.

Можеа да се сретнат и на прошталниот меч на Деметрио Албертини на Сан Сиро во кој Костакурта цело полувреме играше во одбраната на Милан.

Во 2003 и 2004 Лео имаше 16-17 години и уште го спремаа за прв тим. А на мечот од групната фаза од сезоната 2004/2005 против Барса, Костакурта не бил ни на клупа за резерви а Меси на двата меча седел на клупа.

ШТО СЕ ЗБУНИЛ БИЛИ КОСТАКУРТА?

Ништо чудно легендарниот стопер на трофејниот Милан да го помешал Меси со некој друг. Има повеќе кандидати.

Во 2000-те години Италијанецот одиграл два цели меча против Барселона, а Лионел уште бил во кадетите во школата на Барса.

Во тоа време кандидати за Билиевиот Меси се 20-годишните Симао и Чави. Овие двајца играле против Костакурта и на предсезонскиот турнир Жоан Гампер во 2004-та и после две средби во пролетта 2006-та.

ТРОФЕЈ ЖОАН ГАМПЕР

Костакурта на „Камп Ноу“ во та 2004-та поминал само 43 минути од првиот дел пред да го замени Неста.

Ништо чудно стоперот да мисли на овој меч затоа што Барса тогаш во напад ги имаше: Ето, Жили, Деко, Ларсон и Чави. Лудовик Жили дури и постигна гол а играше на позицијата на која денес игра Меси.

Лионел се појави на тој турнир после една година кога противник на Барса и беше Јувентус. После тој меч Фабио Капело го барал Меси на позајмица но Барселона одбила.

ПРОШТАЛНИОТ МЕЧ НА ДЕМЕТРИО АЛБЕРТИНИ

Албертини кој долги години го носеше дресот на Милан, се прости од фудбалот на 15 март 2006-та година со ревијален меч против Барселона.

На сајтот на Милан овој меч е најавен како: „Дуел на Малдини против Стоичков, Шевченко против Роналдињо, Меси против Кака“. Но да се потсетиме дека Лионел на почетокот на март таа година доживеал повреда.

Во првото полувреме на овој ревијален дуел играле тимовите на Барселона и Милан од 1994-та година, а во второ полувреме ги смениле современите состави.

Костакурта влезе во второ полувреме со капитенска лента околу раката и одигра до крај. Против него експериментални напади пробуваа Иниеста, Макси Лопез, Лудовик Жили и Санти Ескеро.

Ескеро на тој меч беше најактивен, шутираше од далеку, активно вршеше пресинг, дриблаше. Но овој играч на Барса од среден ред во тој момент имаше 29 години така што не е беш клинецот на кој се сеќава Костакурта.

Иниеста исто беше активен на прошталниот меч на Албертини, тоа беше прва средба меѓу Костакурта и младиот Андрес. На 20 минути пред крајот место него влезе Деко.

Активен беше и Макси Лопез, кој играше близу Костакурта. Макси тогаш беше млад (21 година), смеѓ како Меси и со иницијали како презимето Меси. Освен што е далеку повисок: 185 см во однос на 170 см на Меси.

ПОЛУФИНАЛЕ НА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2005/2006

Пар месеци по прошталниот меч на Албертини, Милан и Барса се бореа за пласман во големото финале на Лига на шампиони. Во првиот меч во Милано славеа Каталонците со голот на Жули.

На реваншот на „Камп Ноу“ во првите 11 кај Милан беше Костакурта.

Против него играа Роналдињо, Деко, Ето, Жили, Иниеста (а Макси Лопез остана на клупа). Тогаш најдобар играч на мечот беше Ето кој имаше неколку шанси а еднаш по негов шут топката од гол линија ја извади токму Костакурта.

На тој меч Алесандро доби и жолт картон по фаул врз Ето.

Во вториот дел Барселона вршеше притисок а Анчелоти го извади Костакурта од игра во 64' минута (буквално оние 15 минути за кој зборува Костакурта дека не можел да издржи). Натпреварот заврши 0:0 и Барса отиде во финале.

КОЈ Е ЧОВЕКОТ КОЈ ИМА ИГРАНО И ПРОТИВ МЕСИ И МАРАДОНА

Иако Костакурта погрешно памети и никогаш не играл против најдобрите Аргентинци на сите времиња, сепак постои фудбалер кој може да се пофали со таков податок.

Се вика Санти Дениа.

На 31 јануари 1993-та година, овој шпански стопер играл 90 минути за Албасете против Севиља. На теренот тогаш беа Диего Марадона и Диего Симеоне. Токму Марадона го дава победничкиот гол во 80' минута за 2-1.

А во мај 2005-та година Санти одиграл 2 минути против Барселона на Меси. Лео не постигна гол но Барса славела 2:0.

Денес Санти Дениа работи како селектор на Шпанија У-19.