Синоќа по првото полувреме без голови на „Вембли“, во вториот дел Тотенхем со 3:0 ја испраши Борусија Дортмунд и веројатно обезбеди пласман во четвртфиналето.
Во осминафиналето од Лигата на шампионите дури три дуели се меѓу англиски и германски екипи: Тотенхем - Борусија, Ливерпул - Баерн Минхен и Шалке - Манчестер Сити. По тој повод германското министерство за надворешни работи твитна: „Драги Британци, ние ве сакаме... Ама во осминафиналето од Лига на шампиони сме за снажен Брегзит, без задршка“.
Голманот на Ајакс има 22 години. Ја поминал школата на Барселона како мал, а во Ајакс е веќе трета сезона. Брани за репрезентацијата на Камерун. Синоќа против Реал имаше неколку добри интервенции, ама и една утка по вина на фрлено шише Хајнекен на теренот.
Навивачите на Пари Сен Жермен, околу 4.000 души, синоќа издоминираа пред преполните трибини на „Олд Трафорд“ во Манчестер. Домашната публика како на балет.
Она што го поминал Германецот Томас Тухел дефинитивно заслужува сценарио за филм. Да стане тренер поминал трнлив пат и никогаш не се откажал. Најголема поддршка му била девојката Сиси.
Како по правило, која екипа и да гостува на „Олимпико“, го провоцира домаќинот било да е Рома, било да е Лацио со реквизит на еден од овие два клуба. Синоќа романистите ги иритираше еден навивач на Порто.
Апсолутна доминација на Килијан Мбапе и компанија на „Олд Трафорд“. Парижаните со една нога се во четвртфинале. Рома на „Олимпико“ на крилата на најмладиот Италијанец кој постигнал два гола во ЛШ го совлада Порто со 2:1.
Важат за ноторни левичари. Блиски се со навивачите на Ливорно и АЕК Атина, исто така крајни левичари во своите земји. Различноста на нивната трибина (црни, бели, жолти) и културни разлики ги спојува само едно: љубовта кон клубот кој во 1992/93 стана европски шампион.
Зинедин Зидан еднаш изјавил дека нема фудбалер кој рамнодушно ја слуша химната на Лига на шампиони. „Просто е магија. Дури и ако си фудбалер кој гледа од дома, оваа песна ќе ти го привлече вниманието“, рекол Зизу.
Во низата непромислени потези во својата тренерска кариера (Лукаку, Де Брујне, Мата....), најдобриот египетски фудбалер на сите времиња е најголем грев на Жозе Мурињо како тренер на Челси. Ден-денес пробува да се извади за тоа што не го играше Салах.
Во тоа време дојдоа на „Сан Сиро“ како големи засилувања затоа што со Ајакс доминираа во Европа под водство на Ван Гал. Тифозите на Милан имаа големи очекувања но добија тешки разочарувања.
Во текот на целата фудбалска историја Италијанците ги бие глас дека се „намазани“, опасни глумци, а кулминација на оваа теза се случила на 20 октомври 1971 година во германскиот град Менхегладбах каде Интер бил потопен со 7:1 од Борусија.
Франческо Тоти, легендата на римскиот клуб, речиси никогаш не сакал да зборува за негов евентуален наследник. Никогаш, освен неодамна кога „на сите ѕвона“ го испофалил малиот Николо Ѕаниоло од кого тифозите на „волчицата“ очекуваат баш многу.
Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лига на шампиони за противник ќе го има Пари Сен Жермен. На моментот од ждрепката Жозе сфатил дека Смолинг и другите дрвца ќе треба да се бркаат со ѕверките на ПСЖ.
Шеснаесет екипи останаа во борбата за трофејот од Лигата на шампионите. Сите сонуваат на 1 јуни 2019 да се најдат на преубавиот „Естадио Метрополитано“ во Мадрид каде ќе се игра финалето за ’ушестиот’ трофеј.
Интер се посрамоти со ПСВ, Милан со Олимпијакос, а Наполи не ја издржа групата на смртта. Кај Шпанците не постои тоа „се посрамоти“ и тие не сакаат да чујат за елиминација уште во групна фаза. Последен пат киксирал Реал Сосиедад во 2014/2015.
Како непишано правило, за да бидеш добар тренер не мора да значи дека мора да имаш и блескава играчка кариера. Напротив, голем дел од врвните стратези, во младоста биле во сенка на нивните попознати соиграчи. Таков е и Ерик Тен Хаг.
Арнор Сигурдсон има мошне интересен фудбалски пат. Неговиот најдобар натпревар во досегашната кариера беше чудото во Мадрид кое го виделе 16 негови роднини (тетки, чичковци, братучеди). Тоа е, вели, дел од традицијата на Исланд.
Во последното коло од ЛШ изгубија Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Рома и Јувентус, екипи кои обезбедија учество во следната рунда па можеа да си дозволат порази. „Кралевите“ декласирани дома од ЦСКА Москва.
Иако не игра во иста група со Ливерпул ниту има некаков меѓусебен скор во тековното издание на Лига на шампиони, Рома благодарение на една ставка од еден договор ќе лапне 6 милиони евра.
Египќанецот со уште еден убав гол, којзнае кој по ред, го однесе Ливерпул во осминафинале од Лига на шампиони. Подвизите на Салах се стварно надреални.