Таг: лига на шампиони

Наполи во Лига на шампиони - единица мерка за немање среќа

Наполи има исто бодови колку Ливерпул, иста гол разлика, но не оди понатаму само поради помалиот број дадени голови. Неверојатно колку тимот од југот на Италија нема среќа во групната фаза од Лига на шампиони.

Звездашкиот Паоло Ди Канио

Синот на легендарниот Дуле Савиќ, Вујадин игра стопер во одбраната и е капитен на Црвена звезда. Поради повреда мораше да го пропушти последниот меч од Лига на шампиони против ПСЖ, па искористи да биде звездашкиот Паоло Ди Канио.

Како да има повеќе голови со вака луди одбрани во ЛШ?

Првата вечер од последното коло во Лигата на шампионите не го стигна стандардниот просек на голови, пред сè затоа што Алисон, Силесен, Облак и другите голмани бранеа како мачки.

Како игра Френки Де Јонг од Ајакс што го бара пола Европа

Роден е во 1997 година. Има 21 а веќе запиша преку 40 натпревари за првиот тим на Ајакс. Игра во средниот ред и важи за предводник на новата талентирана генерација „Копјаници“. За него ПСЖ и Барселона се спремни да одвојат преку 80 милиони евра.

Врвна кореографија во Белград на мечот Звезда - ПСЖ

Навивачите на Црвена звезда можат да бидат задоволни од годинешното учество на нивниот клуб во елитната Лига на шампиони. Против гигантите Ливерпул, ПСЖ и Наполи освоија 4 бода, го совладаа европскиот вицешампион и играа храбро. За последниот меч против фаворитот за освојување на трофејот Делиите направија спектакуларна кореографија.

Ливерпул и Тотенхем одат понатаму, Интер испадна

Во првата рунда од последното коло на Лига на шампиони познати се учесниците во следната рунда. Тотенхем успеа во намерата да спаси кожа на „Камп Ноу“, Интер разочара со ПСВ.

На кој што му треба за осминафинале во ЛШ

Тотенхем, Интер, Ливерпул, Наполи, ПСЖ, Лион и Хофенхајм ќе се борат за единствените четири слободни позиции за нокаут фазата во ЛШ. Само Валенсија, Бенфика и Клуб Бриж се сигурни патници во ЛЕ. За таму има уште пет слободни места.

Најголемиот татин син кој со врски заигра во Лига на шампиони

Навивачите на Локомотив Москва веќе му посветија еден ироничен standing ovation во моментот кога дебитираше во Лигата на шампионите против Галатасарај. За се бил заслужен татко му кој е гигант во Русија и близок пријател на Путин.

Како да го повторите голот на Робен на плејстејшн?

Баерн со 5-1 ја прегази Бенфика а играч на мечот беше Арјен Робен со два прекрасни гола уште во првото полувреме. Едниот може да пробате да го изведете на Сони Плејстејшн.

Никогаш доста од ова видео на Наполитанците

Кога се интонира величествената химна од Лига на шампиони на стадионот Сан Паоло, најјако е човек да биде надвор некаде во близина, па и не мора да е многу блиску. Крикот на крајот е нешто што не се купува со пари.

Ливерпул немоќен во Париз, Интер падна во Лондон

Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Барселона, Порто и Шалке се вечерашните осминафиналисти од ЛШ. Тотенхем и Интер за нокаут фаза ќе се борат во последно коло, а тогаш ќе има разврска и во групата на смртта, каде вечерва Ѕвезда беше елиминирана во Неапол.

Градот кој живее за Наполи и верува само во еден Бог

Колку и да поминало време, а покрај тоа се смениле разни тренери, газди и играчи, сепак во градот под везув не може, а да не се почувствува духот на фудбалерот во кој уште се крстат, Диего Армандо Марадона.

Како е можно да помине ваков ракометен потег во фудбалската ЛШ?

Манчестер Јунајтед со гол во 91-ва минута си обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, во која колку повеќе се инаетат од УЕФА за воведување ВАР, толку повеќе се трупаат грешки, а оваа е сериозна, срамна и скандалозна.

Манчестер Јунајтед во 91-ва минута обезбеди осминафинале

Баерн Минхен, Ајакс, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Рома, Јувентус и Манчестер Јунајтед се сигурни осминафиналисти на едно коло пред крајот на групната фаза од ЛШ. Само Лион и Хофенхајм ќе се борат за уште едно место од вечерашните четири групи.

Зимското Светско првенство во Катар ќе го измести фудбалот

За 1.358 дена во земјата која нема никаква спортска историја ќе почне Мундијал. На само недела пред католичкиот а 13 дена пред православниот Божиќ во 2020-та, ќе се игра финалето на првото зимско Светско првенство во историјата.

Последниот пресврт на Манчестер Јунајтед сличен на вчерашниот

Знаете ли кога Манчестер Јунајтед последен пат успеал да добие натпревар во ЛШ со пресврт, односно со два комада во финишот. Статистиката не носи на еден епски натпревар на кој не ни дава душа да не се потсетиме колку и да е верглан.

Поглед од трибината за која навивачите на Реал плаќале по 84 евра

Фудбалот оди во крајност со цените на картите, па така на пример синоќа петардата на Реал Мадрид против Викторија Плзен во Чешка ја гледале стотина навивачи на „кралскиот клуб“ од сектор за кој платиле 84 евра а кој изгледа како затвор.

Генијалниот левучар кој два пати го спасува Мурињо од слободен удар

Хуан Мата е човекот кој го врати во игра Манчестер Јунајтед на торинскиот стадион „Алијанц“. Во 86’ минута, штотуку влезен од клупата за резерви, постигна преубав гол од слободен удар.

Манчестер на мурињовски начин го олади Јувентус среде Торино

Играше Јуве препознатлива игра, поведе со прекрасен гол на Роналдо и сè делуваше дека трите бода ќе останат во Торино, но во последните четири минути пред крај Јунајтед направи чудесен пресврт.

Нова глупост на Серхио Рамос, страшно раскрвари противнички играч

И во ситуација кога сакаш да бидеш неутрален и да не носиш проценки и суд, не можеш да не кажеш дека Серхио Рамос на моменти не е најголемо говедо во европскиот фудбал.

Досуден најлудиот пенал откако постои Лига на шампиони

Сме гледале глуми на фудбалери подобри од професионални актери, ама вакво нешто уште не сме виделе. 24 минута од мечот Манчестер Сити - Шахтјор. Рахим Стерлинг се сопнува сам од земја а судијата свири пенал кој Габриел Жезус го реализира за 2:0.

Буфон и насмевката пред пеналот на Наполи

Еден од најголемите на сите времиња, во ПСЖ почесто е на клупата за резерви а прв голман е младиот Ареола. Џиџи синоќа доби прилика да брани против Наполи каде добро го познава амбиентот и противникот. Токму Џиџи го спаси ПСЖ од пораз со неколку интервенции.

Да чекаш рефрен за да се стресе вулканот Везув

Откако врзаа неколку сезони во елитната Лига на шампиони, навивачите на Наполи едвај чекаат да ја видат мушамата која што се тресе на сред терен и рефренот од химната на ЛШ: The Champiooooooons!

Малком од Барселона се расплака по голот против Интер

Чувство на слобода, среќа, радост но и гнев зошто не игра воопшто за клубот кој го плати цели 40 милиони евра пред само пар месеци.