Во 34’ минута од мечот на „Енфилд Роуд“ против Наполи, тој направи дар-мар со гостинската одбрана и го матираше Оспина за 1-0 што се испостави како конечен резултат.
Ова беше вкупно 57 гол за Салах на 75 меча за Ливерпул а Египќанецот има и дури 21 асистенција за погодок! Досега постигнал 9 гола во Лигата на шампионите на Енфилд Роуд - а толку на овој легендарен стадион има само Стивен Џерард.
Во 2018 година најдобриот египетски фудбалер на сите времиња постигнал 34 гола досега што е најдобар резултат во Ливерпул за цели 22 години. Во 1996-та Роби Фаулер дал 37 во една календарска година.
26-годишниот крилен напаѓач кој во минатото играше за Рома, Фиорентина и Базел сезонава на 22 натпревари во сите натпреварувања учествувал во 17 гола на Ливерпул (13 негови погодоци и 4 асистенции во Лига на шампиони и Премиер лига).
На Салах очигледно најмногу му годи кога игра на „Енфилд Роуд“. Во домот на црвените, Египќанецот дал 10 гола во натпреварувања на УЕФА што го дополнува вкупниот учинок од 35 гола и 13 асистениции на 38 натпревари одиграни на домашен терен.