Веќе со години не е ретка слика гостинска публика да се слуша повеќе од домашна кога англиските тимови се домаќини во Лига на шампиони.
Некои тоа го правдаат со фактот дека жестоките англиски навивачи, претежно од работничката каста веќе одамна ги нема поради репресијата од британските закони, а некои дека скапите трибини на „Стемфорд Бриџ“, „Емирати“, „Етихад“ „Олд Трафорд“ па и фамозниот „Енфилд Роуд“ се исполнети само со разгалени туристи кои доаѓаат со цел да се сликаат за социјалните мрежи.
Фудбалерите кои Солскјер ги препороди за кратко време, синоќа не ја добија потребната поддршка и ја прекинаа серијата од 11 меча без пораз.
Во текот на вчерашниот ден навивачите на Пари Сен Жермен ги освоиле улиците на Манчестер:
Слишком много французов в Манчестере pic.twitter.com/4Uu5az62Os
— Dariya Konurbaeva (@Koda117) February 12, 2019
Англиската полиција не ѝ дозволила на групата Collectif Ultras да тргне со метро кон „Олд Трафорд“, па овие го искористиле пешачењето за нова голема бакљада:
💥🔥💥 pic.twitter.com/i1GXZ7ifSb
— Dariya Konurbaeva (@Koda117) February 12, 2019
Навивачите на Манчестер Јунајтед единствено пред почетокот на мечот, за време на интонирање на химната на Лига на шампиони, во пар наврати силно да ја запее познатата „Оле, оле“ со алузија на Оле Гунар Солскјер. Од тој момент па до крајот, Французите не престанаа со песна и ги носеа своите играчи до голем триумф, додека домашните не покажаа ни дел од некогашната препознатлива атмосфера од „Олд Трафорд“.
Nos soldats parisiens sont là yaaaaaa 🔥🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/uDkjXEImbq
— PSG COMMUNITY (@PSGCOMMUNITY1) February 12, 2019
Les supporters du #PSG prennent feu après le but de @kimpembe_3 @Co_Ultras_Paris #MUNPSG @Europe1 @Europe1Sport #Europe1 pic.twitter.com/2ebaF4aPNk
— Julien Froment (@JulienFroment) February 12, 2019
Le craquage du Collectif Ultras Paris ce soir à Manchester ! (12/02/2019) LDC pic.twitter.com/ZJMlQo5PiG
— Ultras Made in 🇫🇷 (@UltrasMadeinFR) February 12, 2019