Тотенхем, Интер, Ливерпул, Наполи, ПСЖ, Лион и Хофенхајм ќе се борат за единствените четири слободни позиции за нокаут фазата во ЛШ. Само Валенсија, Бенфика и Клуб Бриж се сигурни патници во ЛЕ. За таму има уште пет слободни места.
Навивачите на Локомотив Москва веќе му посветија еден ироничен standing ovation во моментот кога дебитираше во Лигата на шампионите против Галатасарај. За се бил заслужен татко му кој е гигант во Русија и близок пријател на Путин.
Баерн со 5-1 ја прегази Бенфика а играч на мечот беше Арјен Робен со два прекрасни гола уште во првото полувреме. Едниот може да пробате да го изведете на Сони Плејстејшн.
Кога се интонира величествената химна од Лига на шампиони на стадионот Сан Паоло, најјако е човек да биде надвор некаде во близина, па и не мора да е многу блиску. Крикот на крајот е нешто што не се купува со пари.
Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Барселона, Порто и Шалке се вечерашните осминафиналисти од ЛШ. Тотенхем и Интер за нокаут фаза ќе се борат во последно коло, а тогаш ќе има разврска и во групата на смртта, каде вечерва Ѕвезда беше елиминирана во Неапол.
Колку и да поминало време, а покрај тоа се смениле разни тренери, газди и играчи, сепак во градот под везув не може, а да не се почувствува духот на фудбалерот во кој уште се крстат, Диего Армандо Марадона.
Манчестер Јунајтед со гол во 91-ва минута си обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, во која колку повеќе се инаетат од УЕФА за воведување ВАР, толку повеќе се трупаат грешки, а оваа е сериозна, срамна и скандалозна.
Баерн Минхен, Ајакс, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Рома, Јувентус и Манчестер Јунајтед се сигурни осминафиналисти на едно коло пред крајот на групната фаза од ЛШ. Само Лион и Хофенхајм ќе се борат за уште едно место од вечерашните четири групи.
За 1.358 дена во земјата која нема никаква спортска историја ќе почне Мундијал. На само недела пред католичкиот а 13 дена пред православниот Божиќ во 2020-та, ќе се игра финалето на првото зимско Светско првенство во историјата.
Знаете ли кога Манчестер Јунајтед последен пат успеал да добие натпревар во ЛШ со пресврт, односно со два комада во финишот. Статистиката не носи на еден епски натпревар на кој не ни дава душа да не се потсетиме колку и да е верглан.
Фудбалот оди во крајност со цените на картите, па така на пример синоќа петардата на Реал Мадрид против Викторија Плзен во Чешка ја гледале стотина навивачи на „кралскиот клуб“ од сектор за кој платиле 84 евра а кој изгледа како затвор.
Хуан Мата е човекот кој го врати во игра Манчестер Јунајтед на торинскиот стадион „Алијанц“. Во 86’ минута, штотуку влезен од клупата за резерви, постигна преубав гол од слободен удар.
Играше Јуве препознатлива игра, поведе со прекрасен гол на Роналдо и сè делуваше дека трите бода ќе останат во Торино, но во последните четири минути пред крај Јунајтед направи чудесен пресврт.
И во ситуација кога сакаш да бидеш неутрален и да не носиш проценки и суд, не можеш да не кажеш дека Серхио Рамос на моменти не е најголемо говедо во европскиот фудбал.
Сме гледале глуми на фудбалери подобри од професионални актери, ама вакво нешто уште не сме виделе. 24 минута од мечот Манчестер Сити - Шахтјор. Рахим Стерлинг се сопнува сам од земја а судијата свири пенал кој Габриел Жезус го реализира за 2:0.
Еден од најголемите на сите времиња, во ПСЖ почесто е на клупата за резерви а прв голман е младиот Ареола. Џиџи синоќа доби прилика да брани против Наполи каде добро го познава амбиентот и противникот. Токму Џиџи го спаси ПСЖ од пораз со неколку интервенции.
Откако врзаа неколку сезони во елитната Лига на шампиони, навивачите на Наполи едвај чекаат да ја видат мушамата која што се тресе на сред терен и рефренот од химната на ЛШ: The Champiooooooons!
По времето на Панчев и Најдоски, навивачите на Црвена Ѕвезда синоќа го имаа најубавото и најслаткото уживање во ЛШ, за каде метчаеа да се пласираат скоро три децении. Навивачите долго ќе си ја прераскажуваат синоќешната шлаканица на европски вицепрвак, а само еден човек може да објасни како изгледаше тоа од најгоре.
Еден детал кој тренерот на Ливерпул го носеше синоќа за време на мечот Црвена звезда - Ливерпул ги заинтригира како домашните, така и странските новинари. За каков симбол станува збор?
Некогашниот европски шампион се врати на патот на некогашната слава откако со 2:0 го совлада големиот Ливерпул. Навивачите на Црвена звезда сонуваа ваква вечер и после речиси три децении ја досонуваа. Спремија и убава кореографија, навиваа одлично а на крајот и прославија со играчите.
Белградска Црвена Звезда ја слави најголемата победа во клупската историја по европската титула во Бари, откако вечерва со два прекрасни гола на младиот центарфор Милан Павков го скроти европскиот вицешампион Ливерпул.