Педантните статистичари од Опта ни ги вратија спомените 18 години наназад или поточно на најдраматичната завршница на едно финале во Лигата на шампионите.
Постарите знаат за што зборуваме, а помладите нека учат. На 26 мај 1999-та на Камп Ноу, 90.000 гледачи беа сведоци на најлудиот пресврт некогаш виден во финале на ЛШ.
2 - Manchester United have come back to win a UEFA Champions League game with two goals in the final five minutes of a match for the first time since the 1999 final vs Bayern Munich. Drama. pic.twitter.com/OgN8bXdGmK
— OptaJoe (@OptaJoe) November 7, 2018
Манчестер Јунајтед vs Баерн Минхен, Кан vs Шмајхел, Фергусон vs Хицфилд, фудбалска класика. Судија: Пјерлуиџи Колина.
Што се случува? Во 6 минута Марио Баслер го надмудри Шмајхел од слободен удар, водство кое на семафорот стоеше 85 минути.
Сер Алекс Фергусон во второ полувреме направи две измени, а во игра влегоа Теди Шерингам и Оле Гунар Солскер, момците кои го решија финале и добија епитетот џокерите на Фергусон. 91-ва минута 1:1, 93-та минута 2:1.
Епски пресврт и прв трофеј за Фергусон во ЛШ, втор за Манчестер Јунајтед, како и шок и неверување за Германците кои не беа свесни што им се случува.