Црвените ѓаволи практично одат во нокаут фаза со апла нерегуларен гол, бидејќи се појави видео од единствениот погодок на средбата на која одлично се гледа дека Фелаини реагира како Столе Стоилов.
Фино се загради човекот, нема збор, ама потоа со горниот дел од шаката ја подбуцнува топката за да си ја намести убаво на десна.
Овој контроверзен гол има голема тежина, бидејќи Јунајтед оди во топ 16, а Валенсија автоматски ги губи шансите. Ако беше поништен, разликата меѓу овие две екипи ќе изнесуваше 3 бода и Шпанците на Местаља во последното коло ќе го пречекаа тимот на Мурињо со шанси за нокаут фаза.
Покрај решавачкиот подогок, за Фелаини се коментира и начинот на кој влезе на стадион. Кај ми е детето? Си го изгубив детето?
Only Fellaini could lose a mascot before kickoff pic.twitter.com/1E7LFdkDHY
— Nooruddean (@BeardedGenius) November 27, 2018
А свое шоу по неговиот подогок имаше Жозе Мурињо.
Ваквите оштетувања во Лигата на шампионите за жал ќе бидат можни цела оваа сезона, бидејќи УЕФА, ВАР системот го потврди за следната сезона. Во Лига Европа ќе го воведе од сезоната 2020/2021, на ЕП од 2020-та, во Лига на нации во 2021 и во УЕФА Суперкупот во 2019-та.