Оние кои го следат Манчестер Јунајтед знаат дека ова не е чудно за шпанскиот репрезентативец кој од почетокот на сезоната е резервен играч и почесто влегува од клупата.
Ова е втор пат Мата да го спаси Манчестер и Мурињо од слободен удар во неколку недели - во октомври Мата беше творец на пресвртот на Јунајтед против Њукасл (2:3), а синоќа влезе во игра во 79-та и даде еврогол во 86-та минута:
Од моментот на деби во Премиер лигата во 2011-та никој не дал повеќе голови од слободен удар од него. Шпанецот за 7 години постигнал 8 гола од слободен удар, а еден помалку има Исланѓанецот Сигурдсон кој исто шутира маестрално.
А ова е воопшто десетти гол од слободен удар на Мата во кариерата: за Манчестер Јунајтед дал 7, за Челси 2 од слободен а за Валенсија 1.
Хуан неодамна кажал дека тој нема задача да ги изведува сите прекини додека е на теренот:
„Пред мечот со Њукасл во октомври, ние вежбавме изведување слободни удари. На тренинг дадов три од три и помислив: ’Ако има шанса, можно е да шутирам слободен за време на натпревар. За среќа, така и направив. За корнерите и слободните удари најважна е практиката. Треба да ја усовршите техниката, подобро да ја осетите топката, да разберете како да ја шутнете. Мене тренинзите многу ми помагаат.“
Пред Јувентус Мата исто тренирал слободни удари и бил намерачен да изведе ако има прилика.
„Сега сум многу самоуверен на тој план. Многу работам на изведување прекини. После тренинг земам топки и шутирам. Голманите исто многу ми помагаат“, рекол Мата во интервју за BT.
Интересно, Мата синоќа откако постигна ремек дело против Јувентус, истрча до клупата и го гушна тренерот на голманите Емилио Алварез - човекот кој од Де Хеа направи врвен голман.