Родителите му ја предвиделе кариерата точно онака како што му се развива. Кога почнал да заработува страшни пари, се занел, неконтролирано трошел и го опоменувале дека тоа вечно нема да трае. Така и било, после што решил да се приземји и да почне од нула.
Во недела вечер Баерн Минхен ќе игра за шеста европска титула. Апсолутна доминација досега во Лига на шампиони на Баварците. Вечерва жртва беше Лион кој три пати ја вадеше топката од своја мрежа. Во финале ги чека ПСЖ.
По вина на сезонава одличниот голман на Лајпциг Полјакот Гулачи, ПСЖ постигна два гола, ги олади Германците и до крај мирно го одработи пласманот во финале. Еден момент од полуфиналето западна посебно во око.
На почетокот на оваа бесконечна сезона, Баерн Минхен им здосади на навивачите со досадна игра, со внатрешни скандали и со 5 примени гола од Ајнтрахт Франкфурт. Атмосферата воопшто не личеше на онаа по која гигантот е препознатлив.
Во дуел меѓу учителот и ученикот (Тухел на времето го тренирал Нагелсман во Аугзбург), поискусниот убедливо ја однесе победата и заслужено ќе игра со својот ПСЖ во финалето на ЛШ.
Тотално неочекувано, вечерва во првото полуфинале на Лига на шампиони на стадионот „Луж“ во Лисабон ќе се сретнат Лајпциг и Пари Сен Жермен чии тренери едно време беа учител и ученик.
Пукна уште една сензација во Лисабон. По фудбалерите на Лајпциг кои го елиминираа Атлетико Мадрид, уште еден голем фаворит е на колена. Манчестер Сити - Лион 1:3. Епа момци со среќа против Баерн.
Каталонците вечерва се понижени и пропаднати во земја, бидејќи доживеаа пораз каков што немале од 1946-та. 8:2 изгубија. Да, ОСУМ спрема ДВА. Со ваква мизерна и смешна одбрана не може да бараат трофеј ни во Ла Лига ни во ЛШ. Дебакл е млак збор.
Аталанта не успеа да стигне до првиот пласман во полуфинале на ЛШ во нивната историја, но Лајпциг успеа против искусниот тим на Диего Симеоне кој има две финалиња. И вториот меч донесе драма во финишот кој Германците го решија со 2:1 и го шокираа Атлетико.
Блокирани улици, свирежи од коли, огномет. Навивачите на ПСЖ синоќа беа во транс откако нивниот тим направи чудесен пресврт во 90` и 93` и по пауза од 25 години стана полуфиналист во ЛШ.
Фудбалерите на ПСЖ и Аталанта приредија ненормална драма на првото четвртфинале во ЛШ на кое се радуваа Парижаните. Тимот од Бергамо до 90-та минута имаше сензационален резултат за полуфинале, но капитулираа во судиското продолжение.
Барселона и Баерн се екипите кои ќе ги вкрстат копјата во четвртфиналето на ЛШ. Пет души не можеа да го сопрат Меси први вториот гол на мечот. Елиф Елмас го почувствува Камп Ноу во последните десетина минути. Баварците немилосрдни.
Два гиганти за кои само трофејот е успех, се простуваат уште во осминафиналињата во ЛШ кои завршија 2:1. Реал без Рамос беше хотел промаја во одбрана и прими два гола после недозволени киксови на Варан, а Јуве направи пресврт со двата гола на Роналдо, недоволни за топ 8.
Петок 21:00: Јувентус - Лион и Манчестер Сити - Реал Мадрид. Сабота 21:00: Барселона - Наполи и Баерн Минхен - Челси. Имате по два телевизори дома така?
Бразилецот кој за Супер Купот на УЕФА беше во Скопје како почесен гостин на фан клубот на Реал Македонија, е висок 1,68. Едни од најтешките борби ги водеше против чешкиот див Јан Колер, синоним за страшен гигант.
Фино направија што ниту една екипа од топ 4 во Италија, Шпанија, Англија и Германија нема потреба повеќе да игра квалификации и може директно да се пласира во Лига на шампиони. Но пак постои едно ако, кое реално е многу тешко изводливо.
Лампард стана тренер на Челси во еден од понезгодните моменти во историјата на овој клуб, кога соочен со суспензија од УЕФА поради кршење на финансиски фер плеј, мораше да игра со веќе постоечкиот состав зачинет со неколку младинци кои беа позајмени по други клубови.
Последната вечер како играч на својот Вердер Бремен, Клаудио Пизаро ја отседе на клупата за резерви. Неговиот тим успеа да одигра 2:2 со Хајденхајм и да опстане во најдоброто германско друштво. Пизаро на крај го носеа на раце.
Пред месец дена требаше да го дознаеме европскиот првак, ама сè се поремети. Не дека е лошо сега со фудбаливе, бидејќи секоја вечер ги има, ама го чекаме вистинскиот, шампионскиот фудбал од кој произлегува ваква атмосфера која за жал веројатно овој пат ќе биде забранета.
59 натпревари. 29 голови, 10 асистенции, 1 пехар во Лига на шампиони. Неверојатниот Украинец ги решеташе противничките мрежи со десна, со лева, со глава, во трк, од слободен удар, од секоја позиција.