Тимот на РБ Лајпциг, еден од најмладите во Лига на шампиони, во своето прво историско учество во Лига на шампиони стигна до нокаут фазата каде го чекаше европскиот вицешампион. Германците не само што 90 минути му држеа лекција по фудбал на тимот на Мурињо, туку и со победа се вратија дома и мирни го чекаат реваншот.