Таг: лига 1

Најглупавиот нокаут со топка

Требаше само да ја исфрли топката од центар, односно да им ја врати, арно ама тапчото изгледаше како да ја враќа со заврзани очи. Трагикомичнава сцена ни доаѓа од англискиот третолигашки меч меѓу Шрузбери и Волсол. Епилог: Го изнесоа на носилки и не се врати во игра.

Како стигна Чупо-Мотинг до ПСЖ?

Во ситуација кога многумина очекуваа да загрми од Париз нов трансфер вреден милијарди евра, германскиот тренер на клупата на ПСЖ Томас Тухел се реши да доведе еден висок шпиц кој го тренирал уште од времето во Мајнц. На општа зачуденост на сите.

Цела Европа ќе користи ВАР, само Премиер лига и еврокупови не

Најдобрите топ 5 лиги во Европа, а и други, решија да користат ВАР (видео-повторување на спорните моменти), само Англичаните и УЕФА за Лига на шампиони и Лига Европа одбија да го употребуваат системот кој докажано ја подобрил играта.

Датумите кои ќе ве интересираат овој месец

Ако заклучиме дека пред едно 15 дена заврши Светското, а за помалку од 15 дена стартува новата сезона во дел од првенствата кои ги следите, тогаш и не е дека во лето е тапа со фудбал.

Најинтересни моменти во европскиот фудбал викендов

Во случај да сте пропуштиле дел од случувањата низ Европа викендов, имаше некои моменти кои се вредни спомен.

Убав си Генган и не се менувај

Кога ќе се погледне табелата во Лига 1, 10 места подолу и 45 бода зад богатиот Пари Сен Жермен ќе го најдете најскромниот клуб во француската прва лига.

Колку се измени ПСЖ во последните пет години?

Од шампионскиот состав кој во 2013-та ја освои титулата и ја најави хегемонијата на клубот од Париз, денес се останати само уште голманот Алфонс Ареола, Хавиер Пастор и Тиаго Силва.

Стави го една минута да поигра или нема да освои титула

Некогаш најталентиран француски фудбалер на својата генерација, а сега најдобар другар со клупата за резерви. Поради конфликт со главниот тренер Унаи Емери, Бен Арфа не виде зелен терен со месеци.

Врвниот стрелец кој паѓа во несвест од возбуда на сред терен

Еден од подобрите француски напаѓачи на денешницата, Бафетимби Гомис има прилично необјаснив случај - каде и оди дава голови, но кога менува средина паѓа во несвест. Лекарите велат дека ова е единствен ваков случај за професионален фудбалер.

Трактористи и фармери го одложуваат мечот на Пари Сен Жермен

Во сабота ПСЖ треба да гостува во Тулуз на дуел од француското првенство, но голема е веројатноста „Светците“ да добијат цела недела за спремање на дербито со Реал во ЛШ.

Си била Серија А и денар не потрошила за играчи

Најдобрата италијанска лига е зад англиската втора дивизија на табелата на потрошени средства за трансфери во јануарскиот преоден рок. И зад американскиот МЛС.

Сте слушнале ли за најлошто голманско деби во историјата

Фудбалот на Островот е богат со анегдоти за кои може да се раскажува со денови. Но она што го снашло австралискиот голман во Норвич е за игран филм. Со хорор призвук додуше.

Ќе се радуваат ли Ристовски и Спортинг на титула после цели 16 години?

Во 4 од 5 Топ лиги во Европа сè е решено, само во Италија има интрига. Во останатиот дел од Европа, интересна пролет ќе има во Полска, Русија, Турција, Грција. Македонец има шанса да стане дел од историјата на Спортинг.

10 гола на сезоната во француско за медал

Сезоната е на пола, ама Французите веќе направиле пресек со најубави 10 погодоци. На ваква силна топ листа нема потреба да ги редиш по број бидејќи сите се за прво место. Внимавајте на комбинацијата Нејмар - Курсава, морници да ти поминат.

Луд гол на Кавани по луда акција на Мбапе

Во 21’ минута од дуелот со Каен, тандемот на ПСЖ Килиан Мбапе и Единсон Кавани направија шоу кое ќе конкурира за гол на сезоната.

Новата драма на Марсело ’Ел Локо’ Бјелса

Враќањето на Марсело Бјелса во Лига 1 беше една од главните причини да се следи францускиот шампионат, но историјата на Ел Локо во Лил имаше чуден заплет и нејасна завршница.

А ќе речеш француска лига досадна е

ПСЖ го има можеби најмоќниот тим на денешницата, но и останатите клубови од Лига 1 не заостануваат којзнае колку, барем кога евроголовите се во прашање. Топ10 на Лига1.

Една буква многу значи, прашајте ги во Монпелје

Францускиот фудбалски клуб Монпелје доби грешно печатени дресови на кои името на клубот наместо со две букви ’Л’, им го напишале со едно па морале да се снаоѓаат.

Сега ќе ви каже чичо и со десна и со лева

Сканторп Јунајтед не е некое звучно име на екипа која ве тангира во животот, освен ако ги играте на спортска Англичаните од трета лига. Мора да им го видите мајсторот во екипата. Се вика Џош Морис и го реши Чарлтон со два гола за три минути. И да, не му прави разлика со која нога бие.

Евра доби порака од навивачите на Марсеј

Откако грубо со нога удри еден навивач на тимот за кој игра, Патрис Евра на денешниот меч Марсеј - Каен (5-0) доби ’пригодна’ порака.

Го прави ли сега Раниери францускиот Лестер?

Италијанецот кој го направи најголемото чудо со Лестер сега доживува убави моменти и во Франција каде со уште еден аутсајдер сака да направи магија.

Поради грешка на Фудбал Менаџер го викаат да игра за Боливија

Видео играта Фудбал Менаџер е толку популарна и продавана во светот што ја играат и самите најпознати фудбалери. Има екстремно прецизни податоци кои ги користат и познатите скаути, но кој работи знае да згреши па така и они.

Во Франција се сруши ограда, навивачи повредени

Некој би рекол дека ова го има само на Балканот, но по сè изгледа го има и во посовршените фудбалски лиги во Европа каква што е француската. На мечот Амиен - Лил