Таг: лестер

Кога на Англичани ќе им оставиш бар без конобар

Фудбалерите на Лестер вечерва го играат првото четвртфинале во ЛШ во историјата на клубот, а во Мадрид се разбира ќе имаат и поддршка од своите навивачи. Тие па денеска се од среќни посреќни. Се качија во воз и начекаа гратис гориво пред натпревар. Кој знае која ќе им биде последна станица.

Варди сакал да работи на Ибица и да батали фудбал

Тренерот на Лестер, Крег Шекспир откри дека репрезентативецот на Англија во еден момент размислувал да престане да игра фудбал затоа што слабо му одело и да оди да работи во ноќните клубови на Ибица.

Твит на денот

Се надеваме дека нема да има потреба да ѝ правиме репост на ова објава.

Пет работи кои ги научивме од пласманот на Лестер во топ 8

Додека Арсен Венгер со години се бори да го однесе својот тим подалеку од осминафиналето во ЛШ, Лестер беше третолигаш, па шампион на Англија и успеа од прва мајка да стане четвртфиналист во најелитното клупско европско натпреварување. Па кој е како нив?

Лестер на чудесен начин во четвртфинале

Каспер Шмајхел со еден одбранет пенал во Андалузија и еден вечерва во Англија, беше најзаслужен што Лестер ја анулираше предноста на Севиља. Јуве со половина гас го доби Порто кој пак играше со играч помалку од првиот дел.

Четири натпревари на Лестер кои Раниери ги утна тактички

Отказот на Клаудио Раниери сè уште е жешка тема во англискиот печат. Навивачите застанаа во негова одбрана и ги нападнаа играчите, а некои медиуми се позанимаваа со неговите тактички потези и издвоија четири меча кои сметаат дека придонеле за негово отпуштање.

Grazie Claudio

Со пригодно видео, Sky Sports се збогуваше со најдобриот тренер на светот според ФИФА за 2016-та година. Андреа Бочели и Time to say good bye.

Бајката на Раниери преку 15 фотографии

Тоа што сезонава Лестер е само бледа сенка на Лестер од 2015/2016 е точно, но како што кажа Мурињо, никој нема да ја може да ја избрише историјата која италијанскиот стратег ја испиша во клубот, кој 133 години не доживеал такво нешто како лани. Траеше кратко ама многу слатко и незаборавно.

Каква ќе биде иднината на Лестер без Раниери

Франк де Бур, Алан Пардју, Гус Хидинк, Гери Роует, Аврам Грант, Најџел Персон или Роберто Манчини? Кој и да дојде ќе има задача да обезбеди опстанок во најдоброто друштво.

Падот на Клаудио Раниери во Лестер

Во една евидентна ситуација во која се гледа дека Лестер не е истиот без Канте, а Марез и Варди заедно не можат да стигнат до двоцифрен број на голови, управата на клубот не мрдна со мал прст на трансфер пазарот и се реши за најлесниот потег кога се лоши резултатите. Отказ за тренерот.

Јувентус рутински, Лестер уште е жив

На резервистите Марко Пјаца и Дани Алвеш им требаше само две минути да му донесат на Јуве голема победа кај Порто кој играше со играч помалку поради идиотлукот на Тељес кој доби два жолти за две минути. Варди со втор гол после 27 меча.

Милвол живее за ФА Купот, Линколн направи чудо

Со играч помалку, третолигашот Милвол го елиминираше актуелниот шампион Лестер од Купот. Голот падна во 90. минута а го даде Камингс, после што навивачите на Милвол прославија на својствен начин.

Разликата меѓу Лестер 2015/2016 и Лестер 2016/2017

Осум месеци откако направи чудо во Премиер лигата, рангирано како едно од најголемите спортски достигнувања, сега Лестер треба да спречи чудо, а тоа е да не дозволи шампион на Англија да испадне од лига. Анализата покажува дека многу работи не им одат како лани.

И после само во Италија не чинеле судиите

Барселона во неделата одигра 1:1 против Бетис на гости, а судијата не виде чист гол откако топката пола метро беше внатре. Синоќа во Премиер лигата очите беа вперени во дербито Ливерпул - Челси и ретко кој зборуваше за тоа на каков начин загуби актуелниот првак.

Топ 10 моменти за 2016-та по наш избор

Направивме една листа од сè она што од прва низ помина во глава, а беше актуелно за следење, гледање, пишување во текот на годинава. Можеби сме испуштиле нешто важно, луѓе сме, ама на толку збиднувања и куцање на тастатура последниве 365 дена веројатно изборов ќе добие солидна оценка.

Порто го згроми Лестер, Реал и Дортмунд играа за публика

Очекувано лесно, но неочекувано високо Порто со 5:0 го демолираше Лестер во дуел на екипи кои се пласираа понатаму. Борусија Дортмунд со гол во финишот израмни на „Бернабеу“ и како прва во групата пред Реал ќе оди понатаму.

Што се случува со Лестер?

Минатата сезона Лестер имаше само три порази во цела сезона во Премиер лигата, а сега по 12 кола има двојно повеќе од лани. Момците на Раниери имаат две лица и додека испишуваат историја со првиот пласман во нокаут фазата од ЛШ, истовремено се на 2 бода до испаѓање од лига.

12 рекордни гола во Дортмунд, Јуве го покори пеколниот Писхуан

Вечерва во Дортмунд се сруши неверојатниот рекорд по постигнати голови на меч од ЛШ. Борусија и Легија одиграа 8:4 и ја надминаа голеадата од мечот Монако - Депортиво во 2003-та.

Во Каен сите доаѓаа на тренинг со Ферари, а Канте’ со тротинет

Кога на неговиот прв клуб од детството во предградието на Париз им стигнал процент од продажбата на Канте од Каен во Лестер (250.000 евра), не знаеле што да прават со парите и свикале состанок. Што ли правеле со парите од трансферот од Лестер во Челси?

Како изгледаше првиот меч на Лестер во ЛШ на домашен терен

Пред две недели англискиот шампион ја оствари „прво па машко“ победата, а синоќа освои нови три бода против Порто во дебитантскиот настап во ЛШ. На Лестер навикнавме во Премиер, но не и во Европа. Како беше околу и на стадионот?

Како премиерлигашите нарачуваат на шанк

Во согласност со нивната (не)активност на трансфер пазарот, The Sun направи рапсодија од тоа како навивачите на најголемите премиерлигашки клубови на шанк нарачуваат пиво.

Кој чека ќе дочека, прашајте го Чалоба од Челси

Натаниел Чалоба после четири години и осум месеци ашкање на шест позајмици, синоќа во Купот против Лестер конечно дебитираше за Челси, клубот со кој го потпиша првиот професионален договор.

Што прави Шмајхел три дена по операција

Голманот на Лестер минатиот викенд против Свонси побара замена бидејќи имал проблем со кила. Во понеделникот беше на операција, а денеска се однесува како да поминал само со гребаница.