И после само во Италија не чинеле судиите

Барселона во неделата одигра 1:1 против Бетис на гости, а судијата не виде чист гол откако топката пола метро беше внатре. Синоќа во Премиер лигата очите беа вперени во дербито Ливерпул - Челси и ретко кој зборуваше за тоа на каков начин загуби актуелниот првак.

Барнли на дуелот со Лестер ги собраа бодовите на 3 минути до крај на најнеспортски начин откако Сем Воукс ја смири топката со рака за победа од 1:0. Судијата ја пратеше акцијата, ама исто како да не ја пратеше. Срамота.

 

 

 

 

1 февруари 2017 - 10:03