Многу, многу легендарно последно коло во Серија А, ден кој тифозите на Интер сакаат да го избришат од сеќавање, а навивачите на Јувентус го одбележуваат како ден на победата.
Син му на Тоти прашувал по дома, како тоа Фабио Канаваро освоил Златна топка, а ти немаш освоено? Тоти му објаснувал дека се различен тип на играчи и дека без Фабио немале да го освојат Мундијалот 2006.
Фудбалот е сосема неважен во ситуација кога цела Италија, цела Европа и цел свет водат битка против Ковид-19. Меѓу оние клубови кои чувствуваат најгорчлив вкус поради прекинот е и клубот кој после долги години тргна во сериозен поход кон скудето.
Италија е љубов. Италија е страст. Италија е уникатно и незаменливо место во светот. Празни се улиците, но земјата е жива како никогаш. Дури и во моменти на тешкотии, кои не се случиле претходно, Италија ја демонстрира својата величина и убавина.
Ова со рокањето музика од балкони во Неапол на пример тече без фрки, бидејќи се пее само за Наполи, ама кризно подрачје за ваков вид на забава е Рим. Од една зграда се слуша песна за Рома, а ликов кој навива за Лацио е до толку гневен што решил да им се симне со стап.
Јуве има голем и силен ростер од кој може да извади две екипи и моќ која ја демонстрира 8 години по ред во Серија А. Интер донесе сериозен тренер и направи јаки трансфери кои му даваат за право да се надева на прво место, но таму од викендов е Лацио кој сезонава се однесува како Лестер пред некоја година.
Дечково од Америка поубава вечер само на сон. Доаѓа до Рим, неговиот омилен клуб го победува можеби најтешкиот ривал во првенство, и тоа после пресврт, а пред мечот ја бара девојка му за жена и таа прифаќа. Епа уште скудетото да го прослави на свадба и Скорсезе да снима филм.
Веќе добри три години го селеа во Јуве, Интер, Сити, Реал, Челси...за суми од 80, 100, 120 милиони евра, ама српскиот репрезентативец и натаму е во Рим. Дечкото везе и не се плаши од никој во среден ред.
Од каде да почнеме? Јуве повеќе не се бори сам за титула, туку гризат не една, две екипи. Интер пазари без престан звучни имиња. Милан го врати Ибра. Роналдо е машина за голови и магнет за публика. Плус Пандев уште е во форма, а Елмас е се подобар. Штета за Иле.
Навивачите на Лацио доминираат сезонава во Серија А. По дербито со Рома на кое направија спектакуларна кореографија, и синоќа против слабо рангираната Верона го наполнија стадионот и демонстрираа нова јака претстава.
Прво од причина што ќе му дојдат буквално сите присутни да се сликаат и да земат автограм (на една трибина на Олимпико на дерби има околу 20.000 луѓе). Второ, што така нема да може на раат да се изнавива од Curva Sud и да го гледа клубот чија најголема икона е после Тоти. Му ставиле перика, му го „корегирале“ носот, му опнале наочари, капа и ете ти го Де Роси на навивачката трибина.
Среќата треба да се заслужи - фраза која што најдобро го опишува младиот тренер кој покажа колку знае и кој допрва ќе демонстрира тактички вештини. А буквално преку ноќ седна на клупата на Лацио и сега е еден од најтрофејните тренери на овој клуб во историјата.
Фудбалерите на Лацио во рок од само неколку дена, по вторпат го демолираа Јувентус со 3-1, овојпат далеку од дома, во Саудиска Арабија, земја која што плати милиони за италијанскиот Супер Куп да се игра кај нив.
Лацио синоќа го совлада Јуве со 3:1 во Супер Купот на Италија, а финалето се играше во Саудиска Арабија. Пехарот преку контролата на аеродром го пренесе Данило Каталди кој ја олади Старата Дама со голчиште од слободен удар во 94-та. А контролата е иста за секој, без разлика што носи в раце.
Почнува третата минута од судиското продолжение и твојот тим губи 1:0. Но токму во таа минута ти доаѓа душа на место бидејќи паѓа гол за 1:1 и си викаш, добро е, бод освоивме. Ама сепак доаѓа 98-ма, ти снимаш од трибина и не можеш да поверуваш во тоа што го гледаш.
Пред две недели пишувавме за ненормалниот пресврт на Каљари во 96-та минута кој стигна до победа против Аталанта по негатива од 1:3. Овој понеделник повторно е Каљари актер, ама на губитничката страна. Примија два комада во судиско од бандата на Инѕаги.
И покрај тоа што губеа дури со 2:0 во 69' минута и беа на прагот да испаднат од Лига Европа, фудбалерите на Арсенал во неколку секунди постигнаа 2 гола и се спасија од бламажа.
Најдобриот егзекутор во Серија А е типичен пример како за секој човек има место, само треба да си го најде. А Чиро го најде на стадионот „Олимпико“ каде за некое време би можел да стане прв стрелец на вечната листа.
Пар британски ентузијасти во ’90-те години, во најубавото време по италијанскиот фудбал, прават емисија за Серија А. И еднаш го викаат пред камера Атилио Ломбардо, легендарната ќелавица на калчото.
Па не би рекле, бидејќи големи ривали се, очи ќе си извадат, така што сè е ова една екстремно ретка коинциденција, особено меѓу два клуба од ист град во Серија А.
Фудбалерите на Селтик направија целосен пресврт и по триумфот во Глазгов, го победија Лацио и среде Рим, идентично со 2:1 после катастрофална грешка на Валон Бериша во 95-та минута од мечот. Севиља е во следна рунда, а голема неизвесност ќе има речиси во сите останати групи.
Фудбалерите на Лацио со 4-0 го потопија Торино и ја продолжија добрата серија без пораз. Во првите 25 минути „бјанкочелестите“ кружеа околу противничкиот гол, па на Ачерби како да му збогтиса и реши да распали со левицата од 35-36 метри.