На 20-ти јули Јувентус ќе го пречека Лацио, а во меѓувреме двете екипи ќе имаат четири исти противници. До крајот ги очекуваат по четири меча дома и четири на гости.
Не треба да се запостави ниту Интер кој на маса има 27 бода до крај да се обиде да ја надомести негативата - 11 бода зад Јувентус и 7 бода зад Лацио.
Но ако се гледа дуелот „глава во глава“ Јувентус - Лацио, „бјанконерите“ до крајот ги чекаат: Торино, Милан, Аталанта, Сасуоло, Лацио, Удинезе, Сампдорија, Каљари, Рома.
Лацијалите до крај ќе се судрат со: Милан, Лече, Сасуоло, Удинезе, Јувентус, Каљари, Верона, Бреша и Наполи.
Од потешките дуели Јувентус дома ќе игра против Аталанта и Рома, а на гости против Милан и Каљари. Лацио, пак, против Милан и Каљари ќе игра дома, но во последните три кола ќе имаат две тешки гостувања: Верона и Неапол.
Интересен е податокот дека Јуве има 13 победи на 14 домашни меча сезонава во Серија А, но Лацио ги доби последните 2 меѓусебни натпревари.
И двата тима ќе играат до крајот против 4 исти противници: Милан, Сасуоло, Удинезе и Каљари со тоа што Јуве против сите 4 игра на гости каде сезонава има во просек освоени 2,1 бода. Лацио сите 4 ќе ги пречека дома каде има 2,6 бодови во просек сезонава.
Од екипите кои се наоаѓаат во долниот дел од табелата, и Јуве и Лацио ќе играат против Удинезе, а настрана од тоа Јуве ќе игра против Торино и Сампдорија, а Лацио против Лече и во претпоследното коло против Бреша.
Што се однесува до тимовите кои се борат за излез во Европа, и Јувентус и Лацио ги чека дуел со Милан. Потоа Јувентус игра против Аталанта и во последното коло против Рома дома, додека Лацио во последното коло гостува на „Сан Паоло“.
Лацио има на хартија нешто полесен распоред, Јувентус има 4+ во моментов. До крајот на располагање имаат уште 24 потенцијални бодови, но треба да се има предвид и директниот дуел на 20-ти јули во Торино кога многу работи би можеле да станат појасни.