Таг: кристијано роналдо

Хит прослава на навивач за трансферот на Роналдо

Весело беше денеска пред Олд Трафорд. Додека репортер на Скај Спорт известуваше за бомбастичниот кам бек на Кристијано Роналдо, камерманот со право ја вртеше камерата на лево.

Кам бек на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед

Во исто лето и ист месец пукнаа двете најголеми бомби во светскиот фудбал. Лионел Меси од Барселона во ПСЖ, Кристијано Роналдо од Јувентус во Манчестер, ама во Јунајтед, а не Сити како што се шпекулираше.

Очајниот потег на Роналдо познат од Белград

На сето реноме, слава и успеси кои ги има и ужива во кариерата и животот, малку некапитенски е ова од страна на Кристијано, гест кој го повторува два пати. Прво против Србија во квалификации, а сега и на Европско после елиминацијата од Белгија. Ја фрла капитенската лента на земја, па ја шутираше.

Роналдо им диригираше на Французите како да ја пимплаат на крај

Резултатот 2:2 синоќа им одговараше и на Франција и на Португалија, како и на Германија која паралелно играше со Унгарија. Во судиското продолжение Кристијано во еден момент почна да им покажува на Французите како да задржуваат време. Врати ја назад, му вели на Бензема и овој го послуша.

Парадерскиот потег на Роналдо против Ругигер

Португалија и Германија го одиграа до сега најефикасниот меч на ЕП на кој паднаа 6 гола. Германците го декласираа европскиот првак со 4:2, а атракцијата број 1 на средбата ја направи Кристијано Роналдо.

Кока-кола изгуби 4 милијарди долари заради Роналдо

Како што Роналдо во знак на нервоза ги тргна од кадар двете шишиња со Кока-кола натопорени до микрофонот, и на нивно место стави шише со вода, така вредноста на компанијата инстантно падна за 4 милијарди долари.

Прв меч за Роналдо и веднаш рекорд - стана најдобар стрелец во историја на европски првенства

Репрезентацијата на Португалија баш долго се мачеше со Унгарија на отворањето во Будимпешта, но од 84-та минута до крајот им дадоа три гола.

Роналдо направи забуна на прес конференција во Будимпешта

Пред мечот со домаќинот Унгарија против која Португалија ќе го отвори Европското првенство 2020, Кристијано Роналдо демонстрираше дека водата му е избор пред Кока Кола.

Роналдо бега со трофејот, Пандев сака да му го земе

Португалија ќе има пеколно тешка задача да го одбрани трофејот на ЕП, бидејќи се падна во група со Франција, Германија и Унгарија. Но Кристијано Роналдо не го дава трофејот и им бега на сите ѕвезди меѓу кои и на нашиот капитен. Цртаниот филм е објавен на британски „Гол“.

Роналдо изведе слободен удар како прв пат да шутира топка

Последниот слободен удар за репрезентација го реализираше лани во септември против Швајцарија, а за Јуве во три сезони успеа да постигне само еден. Синоќа даде гол од игра против Израел кој го совладаа со 4:0, ама кога се намести на слободен, како да ви кажеме. Столче ќе скршеше.

Роналдо пак се криеше и се посрамоти на жив ѕид

Редно време е некој да му каже на Роналдо дека така не се стои на жив ѕид или па подобро нека не стои. Со Порто и сврте грб на топката, ги рашири нозете и примија гол, а вечерва е виновник што Парма поведе. Погледнете му ја реакцијата. Не те јаде бе Кики, топка е.

Гозенс од Аталанта се пожали дека Роналдо не му дал дрес, па соиграчи му купија

Како ретко кој, Германецот Госенс искрено се отвори за еден момент од теренот на меч против Јувентус во Копа Италија. Јавноста се заинтересира, а соиграчите му дадоа убаво спакуван поклон.

Квиз на денот со Беневенто балкан фанс

Скоро еден месец по мечот Јувентус - Беневенто 0:1, админот на Беневенто балкан фанс пак се отвори, но овој пат со безобразен трол на кој сметаше дека нема потреба да стави прашалник.

Фрлената капитенска лента на Роналдо на аукција за спас на малиот Гаврило

На уште незавршен меч Србија - Португалија, капитенот и легенда на гостите, Кристијано Роналдо бесно креваше раце, тргна да си оди кон соблекувалната и наеднаш ја фрли капитенската лента на земја.

Твит на денот за реакцијата на Роналдо

Србија и Португалија одиграа супер натпревар со 4 гола во квалификациите за Светско првенство. Во последните секунди од мечот Кристијано Роналдо постигна чист гол, ама линискиот и главниот судија проценија дека капитенот на Србите Стефан Митровиќ навремено ја исфрлил топката во аут. Роналдо нервозно тргна да го напушта теренот, пцуеше и ја фрли капитенската лента на земја.

Тежок судиски гаф во Белград

Голема судиска неправда и се случи вечерва на Португалија во второто квалификациско коло за СП 2022. Водеа 0:2, па Србија стигна до израмнување, а на Роналдо во 93-та не му признаа чист гол. Проблем плус е што во квалификации нема ни ВАР ни гол технологија, инаку глатко ќе се решеше ситуацијава.

Реал потрошил 304 милиони евра за 6 играчи кои за 3 години дале само 35 гола

Реал Мадрид игра офанзивно најслаба сезона во последните 14 години. Тоа е сèшто треба да знаеме за нападот на „кралскиот тим“ кој делува просечно.

Хет-трик на Роналдо за 22 минути откако избегна чист црвен картон

Шампионот Јувентус глатко води 0-3 против Каљари на гости. Португалецот постигна три гола во рок од 22 минути од кои еден од пенал. Ама куртули и да не добие чист црвен картон за старт за кој секој друг играч би бил исклучен.

Очајниот настап на Роналдо против Порто

Го купија за европски успех, му дадоа 30 милиони евра годишна плата нереални за Италија, ама ништо од бизнисот. Веројатно годините и презаситеноста си го направија своето. Плус: „Во мое време на жив ѕид стоеја фудбалери кои не се плашат од топката“, изјави Капело.

Кристијано, кој те учеше така да држиш жив ѕид?

Мората и Рабио скокнаа, што е логичен и секојдневен инстинкт, а Кристијано Роналдо реагираше скроз аматерски, како да е од вчера. Голот оди на негова душа, а три елиминации по ред пред полуфинале нема доживеано од времето во Манчестер Јунајтед.

Пази судар Кристијано

Фудбалерите на Јувентус вечерва нешто не беа во елемент против Порто. Одбраната киксираше по само 60 секунди и примија гол, а Алекс Сандро му се постави многу тромаво на Роналдо со што го изведоа најкомичниот потег на вечерта.

Принцот од Уганда што скокна повисоко од Роналдо: „Ќе му се јавам на Кристијано“

На меч меѓу аутсајдери од шкотската Премиер лига еден момент направи за натпреварот да се зборува пошироко.