Кога Кристијано Роналдо првпат по враќањето на „Олд Трафорд“ ја посетил базата на Манчестер Јунајтед и се сликал со Солскјер, внимание привлекол џемперот кој го носел од шпанскиот бренд Loewe.
Daily Mail веднаш избунарил дека овој џемпер чини 425 фунти, направен е од мешана волна и добро држи топло. Дента во Манчестер имало 30 степени па изборот на Роналдо бил под прашање.
Интересно и при првото доаѓање на Кристијано во Манчестер Јунајтед исто носел џемпер. Само тогаш не толку топол и еднобоен.
Во август таа 2003-та година 18-годишниот Роналдо дошол да потпише договор со Јунајтед во шарено џемперче со црни ракави, од италијанскиот луксузен бренд Versace.
Cristiano Ronaldo signs for Manchester United, 2003 pic.twitter.com/BdJXwsFHjD
— GQ Sports (@GQSports) August 27, 2021
Вака изгледал целосниот изглед на најголемиот талент на европскиот фудбал во тој момент.
Сега, 18 години подоцна да се најде таков џемпер од Versace е нереално, а исто не може и да се востановат цената и моделот кој одговарал за духот на времето. Модата во 2003 беше сосема поинаква, а конкретен пример за тоа е колекцијата на Versace од тоа време
Cristiano Ronaldo meeting Ruud van Nistelrooy on his first day at Manchester United... pic.twitter.com/P7euMss6du
— SPORTbible (@sportbible) April 4, 2016
Кристијано така облечен дошол првпат во соблекувалната на големиот шампион.
Како што пиша шпанскиот ноинар Гиљем Балаге во својата книга за Роналдо, во соблекувална не им се допаднала облеката на Португалецот, а новајлиите обично се облекувале поскромно.
„Кој е дечково? Он како многу да се сака себеси“, признал дека помислил во себе економот на екипата Јан Бакингем.
На Сколс и Фердинанд не им се допаднала фризурата на Роналдо и му кажале да ја ишиша таа бланширана коса. Кристијано издржал две недели пред стварно да прифати да ја смени фризурата.
ГО ТРОЛАЛЕ ПОРАДИ СТИЛОТ И ТЕСНИ ФАРМЕРКИ, А ОН СЕ НЕРВИРАЛ
Шарениот џемпер Versace бил само почеток. Стилот на Роналдо редовно го исмевале во соблекувална.
Некогашниот играч на Јунајтед, Квинтон Форчун еднаш раскажал за Португалецот: „Он просто можеше да ја носи и најтесната облека. Армани или така нешо, фармерките многу му беа тесни. Таква била модата во Португалија. Го прашувавме: „Не те стега ништо тебе?“
Некогаш шегите биле не баш пријатни.
„Кога Роналдо доаѓаше во многу тесни фармерки, ние почнувавме со мајтап: „Што е со панталониве? Низ нив може да ти се видат вените на јајцата“. Он се лутеше и одговараше: „Што разбирате вие Англичаните за мода па со вас да правам муабет“, раскажува Рио Фердинанд во својата автобиографија.
Роналдо го мајтапеле за секоја ситница - за облеката, за чевлите, за косата, за фризурата, за забите, за наочарите за сонце, за мозолчиња на лицето. Португалецот од тој момент почнал многу да пази на себе. Гери Невил еднаш рекол дека поентата лежи во високите стандарди на Кристијано Роналдо: не само за неговата игра, туку и за изгледот, па така се облекувал и сакал да стои долго пред огледало.
А понекогаш тој знаел да изгуби нерви и да избувне поради мајтапите.
„Ја гледавме неговата реакција па продолжувавме. Да не игнорираше можеби ќе престаневме“, вели Квинтон Форчун.
Но според Гери Невил, ова исмевање го направило Роналдо многу посилен: „Тоа беше немилосрдна соблекувална. Требаше многу нерви да се преживее. Искрено верувам дека тоа го обликуваше како играч“.
КРИСТИЈАНО ДЕН-ДЕНЕС НОСИ VERSACE
Исмевањето не го сменило погледот на Роналдо кон модата. Неговиот стил еволуирал низ годините. Кристијано притоа создаде свој бренд CR7 во чии рамки се продава гардероба, чевли, боксерки, наочари, парфеми. Но од брендирана гардероба тој не се откажува.
Во 2013-та Versace шиел одела за Реал, а Роналдо уживал да ги носи.