Тројца фудбалери на Њукасл му го бараа дресот на Роналдо, добија ист одговор

Португалецот имаше второ блескаво деби на „Олд Трафорд“ и со гол беше творец на триумфот против Њукасл (4:1). После мечот му аплаудираа сите, цел стадион, противнички навивачи, му честитаа судии а дури тројца противнички фудбалери му го побараа дресот ама добија ист одговор: морам да го вратам кај економот.