Инаку Ралф Рангник го извади Роналдо на 20 минути до крај на 0:2, а Јунајтед на крај славеше против Брентфорд со 1:3.
Cristiano Ronaldo fumes at Ralf Rangnick after Manchester United sub vs Brentford
— RED CACHE (@RedCacheONLY) January 20, 2022
.
.
.#cristianoronaldo #ManchesterUnited pic.twitter.com/ONXWl9iMJI
Cristiano Ronaldo was not happy after being substituted for Harry Maguire 😳 pic.twitter.com/qwoXPEwlez
— ESPN FC (@ESPNFC) January 19, 2022
Германскиот стратег му одговорил елегантно и стручно на Роналдо за одлуката.
„Ме прашуваше зошто ме вадиш мене? Му реков, слушај, морам да ја донесам одлуката во интерес на тимот. Разбирам дека сè уште си амбициозен и сакаш да постигнеш гол, но можеби за неколку години кога ќе бидеш тренер, ќе ја донесеш истата одлука и ќе бидеш во истата позиција како мојата по 75 минути.
Пред пет дена, ја имавме истата ситуација на Вила парк и не сакавме да ја направиме истата грешка.
Немам никакви проблеми со Кристијано. Се врати од мала повреда, не тренираше една и пол недела и имавме 2:0 на 15 минути до крај“.
Инаку Манчестер води мртва трка за Лига на шампиони бидејќи во битка за четвртата позиција е ептен густо.