Во таканаречениот „Ферги тајм“, судиско продолжение во кое Јунајтед во време на големиот Сер Алекс Фергусон често ги нижеше своите ривали под притисок на Ферги од аут линијата, сега Кристијано Роналдо го нанижа Виљареал, шпанскиот клуб кој пред неколку месеци го совлада Манчестер во финале на Лига Европа.
36-годишниот Роналдо го постигна петтиот гол откако се врати на „театарот на соништата“. Во првото коло на ЛШ постигна гол во поразот од Јанг Бојс 2:1.
А синоќа ерупција од радост по голот за триумф над „жолтата подморница“. Го соблече дресот и полуде од среќа:
Статистиката на Кристијано Роналдо во Лига на шампиони:
- Рекордер по број на голови: 136
- Рекордер по број на натпревари: 178 (го надмина Икер Касиљас кој имаше 177)
- Рекордер по голови во една сезона: 17
- Рекордер по број на голови во плејоф: 67
- Рекордер по број на голови после 90’ минута: 12 гола, зад него е Меси со 6.