Фрустрацијата на Роналдо, гневот на навивачите, очајната реакција на Ферги

На Манчестер Јунајтед вчерашниот датум ќе му остави црна флека која не се брише, бидејќи не се памети ваков потоп да имале на домашен терен и тоа забележан во едно од најголемите англиски ривалства. На толку многу имиња во тимот, на Оле пак не му оди и изгледа дека е во очајна ситуација.

Лудачкиот пресврт против Аталанта во Лига на шампиони на која од 0:2 на полувреме и се вратија јуначки на 3:2, не им ги лечи раните на фудбалерите на Манчестер.

Очигледно им недостига карактер со кој треба да внесат стабилност. По убавиот старт од 4 победи и едно реми, на последните четири средби загубија дома од Астон Вила 0:1, па одигра дома 1:1 со Евертон, а потоа два дебакли во низа, 4:2 од Лестер и 0:5 од Ливерпул.

Статистиката извади податок дека ваков срамен пораз на домашен терен не паметат во блиско минато. Последен пат да примат дома 5, а да не дадат ниту еден гол, им се случило дури во 1955-та година во градското дерби со Сити.

„Резултатот е сеизмички, а Солскјер е сега во позицијата како што беа Мојс, Ван Гал, Мурињо, односно сè поблиску до отказ. Манчестер Јунајтед е скршен клуб и заканите кон тренерот се реални“, пишува Дејли Мејл.

И покрај сите рекорди и возвишувања, Кристијано Роналдо сепак се посрамоти и почна да го клоца Џонс, со што само јавно ја демонстрираше својата фрустрација за поразот. Потег за кој требаше да добие црвен картон.

Немоќта на Манчестер ја демонстрираше и Погба кој поради несмасен старт во 60-та минута доби црвен.

Срамниот пораз Јунајтед го имаше запечатено веќе во 50-та минута кога на семафорот стоеше 0:5, неиздржлива гледка за навивачите кои почнаа да го напуштаат Олд Трафорд.

А реакцијата на Фергусон?

Во интересна конверзација беше уловен Џеси Лингард. 

Навивачите тешко дека би простиле ваков пораз на домашен терен.

Манчестер сега е седми на табела со само 14 бодови од можни 27, а не им е наклонет ниту распоредот.

Инаку Салах е прв играч по 18 години кој успеа да постигне хет-трик на Олд Трафорд. Претходно тоа му успеа на Роналдо Бразилецот во 2003-та во дресот на Реал Мадрид.

Со овие три гола, Салах е најефикасен африкански стрелец во Премиер лига со 105 погодоци.

Головите

25 октомври 2021 - 08:48