Манчестер Јунајтед го совлада Њукасл со 4:1, а двоен стрелец на мечот беше Кристијано Роналдо кој направи шоу уште на кам бекот на Олд Трафорд.
Неговиот довчерашен соиграч, а сега во улога на тренер, Оле Гунар Солскјер реши да му даде шанса уште од првата минута, а тој ја искористи максимално и направи еуфорија на првото појавување каде се враќа по 12 години.
Роналдо го отвори резултатот во судиското продолжение од првиот дел, откако собра еден отпадок по одбиена топка на голманот.
Гостите го израмнија резултат во 56-та минута, но Португалецот по само 6 минути игра, во свој стил со брз трк и прецизен удар по земја и го врати расположението на публиката на 2:1.
Резултатот го зголеми неговиот сонародник Бруно Фернандеш со бомба од околу 20 метри, а точка на мечот стави Џеси Лингард по една фантастичка акција.
1:0
2:1
3:1
4:1
Реакцијата на мајка му
Моментот кога се појави на терен
Just listen to that noise 😱🔊#MUFC | #MUNNEW pic.twitter.com/YETEMXexCs
— Manchester United (@ManUtd) September 11, 2021
The moment Cristiano Ronaldo’s name was announced. 😱 pic.twitter.com/wF3FLRH3l9
— Devils of United 🔰 (@DevilsOfUnited) September 11, 2021
A proud Father, the happy son and the excited community of Manchester and world. #Ronaldo #CR7IsBack pic.twitter.com/9dzCm7bKAX
— Mlungisi (@Mlungisi__N22) September 11, 2021