Откако го гризна Киелини на Светското во Бразил, ФИФА на 4 месеци го отстрани Суарез од фудбалот и тој пропушти 9 меча. Суспензијата сега му заврши и наскоро ќе игра за својата земја.
Чилеанскиот сајт GoalChile објави слика на која се гледа спремниот дрес на Аргентина на која пишува „Шампиони на Америка 2015“. Истото го направија лани и Бразилците кои се стремеа на шеста Светска титула, но во полуфиналето беа прегазени од Германија со 7:1.
Кога еден фудбалер игра одлично во клубот, а бледо во репрезентацијата тогаш критиките во родната земја се како добар ден. Тоа му се случува на Меси кого голем дел од Аргентинците го обвинуваат за поразот од Чиле.
Алексис Санчез го реши финалето со пеналот против Аргентина, а солидни настапи имаа и Маурисио Исла и Едуардо Варгас кои настапуваа во КПР како позајмени фудбалери од Јувентус и Наполи. Варгас е и најдобар стрелец со четири постигнати гола заедно со Гереро од Перу.
Откако браќата и родителите на Меси и родителите на Агуеро биле нападнати од Чилеанците на трибините, полицијата ги сместила во телевизиските кабини каде го догледале финалето. Постариот брат на Меси бил погоден со предмет по глава.
Аргентина остана без пехарот кој им фали од 1993. година кога славеа со легендарниот Габриел Омар Батистута, а Чиле за прв пат ја освои Копа Америка по пенал рулетот кој го одлучи шампионот.
Двајца фудбалери на Парагвај се судрија и лесно можеа и да се повредат во намерата да го сопрат четирикратниот освојувач на Златната топка. Меси синоќа не постигна гол, но асистираше три пати на мечот Аргентина - Парагвај 6:1. Финалето на Копа Америка меѓу Аргентина и домаќинот Чиле се игра во сабота во 22 часот.
Напаѓачот на Чиле, Еду Варгас е најкорисниот фудбалер на досегашниот тек од Копа Америка по што пола Европа ѕвонела на телефоните во Наполи со цел да праша за цената на шпицот.
Во пресрет на полуфиналето против домаќините селекторот на Перу, Гарека го прекинал тренингот откако видел дрон и за тоа го обвинува селекторот на Чиле, Хорхе Сампаоли.
Во кариерата играше за преку 20 клубови на 3 различни континенти. Кога сите бегаа од пеналот за пласман во полуфинале на Светско, тој се прослави со паненка и го завикаа El Loco (Лудиот).
Бранителот на титулата ги спакува куферите, домаќинот ита кон финале, Нејмар набљудува од публика, а Меси сè уште е без постигнат гол од игра. Од Копа Америка 2015 очекувавме поголема ефикасност.
Главниот град на домаќинот на Копа Америка се соочува со сериозни проблеми со загадениот воздух, но не планира да ги прекине натпреварите. Здравствените организации од Чиле тврдат дека играчите вдишуваат многу лош воздух и здравјето веќе им е нарушено.
Ливерпул објави дека го испазарил Роберто Фирмино (23) од Хофенхајм за 31 милион евра. Плејмејкерот исцртан со бројни тетоважи минатата сезона даде 8 голови на 35 настапи за Бундеслигашот.
Стадионот на кој деновиве се играат натпревари од Копа Америка во минатото бил затвор во кој се убивале приврзаници на Салвадор Аљенде. Советскиот сојуз во 1973. не сакаше да игра реванш на тој терен за пласман на Светско, па ФИФА направи фарса.
После 24 години Колумбија го совлада Бразил, а стрелец на голот беше Муриљо во 36. минута од мечот. Колку не му одеше на Бразил покажаа промашувањата на Фирмино и црвениот картон на Нејмар.
Еден гол даде, еден намести и со 23 години стана најмладиот капитен во историјата на Копа Америка. Нејмар синоќа беше најзаслужен за триумфот на Бразил над Перу од 2:1 и го постигна 44. гол за репрезентацијата што на 23 години не му тргнало од рака ниту на Пеле.
Со спектакуларно отворање синоќа започна Купот на Америка. Со головите на Артуро Видал и Еду Варгас, домаќинот Чиле го совлада Еквадор 2-0. Во 99. годишната историја на ова натпреварување, Чиле никогаш не стигнал до трофејот.
Јужна Америка е континент кој од година во година извезува најмногу фудбалери ширум светот. Радарите на скаутите во моментов се насочени кон неколку играчи кои се споредуваат со Нејмар, Меси, Маскерано.
Со натпреварот Чиле - Еквадор во петок во 01 часот после полноќ по средноевропско време, започнува 44. издание на најстариот турнир за репрезентации на светот кој ќе заврши на 4. јули со финалето во Сантијаго.
Иако завршија речиси сите фудбалски првенства ширум светот, во тековниот месец нè очекуваат настани кои би можеле да нè задржат уште некое време пред телевизија.