Таг: Италија

Избран најдобриот фудбалер на Европското

Има само 22 години а веќе може да се пофали со еден куп натпревари за славниот Милан и со злато на Европско првенство со Италија. Летово е пред богат трансфер во ПСЖ а круна на сите добри партии му е престижната награда - најдобар играч на цело Евро 2020.

Епска драма на Вембли, Италија европски шампион!

Во финале на лондонски „Вембли“ кој крцаше до последно место, Италија ја совлада Англија 3:2 на пенали по нерешените 1:1 во регуларен дел и продолженија и втор пат во историја станаа европски прваци.

Химната на Италија на ЕП 1988

Малдини, Барези, Донадони, Анчелоти, Манчини, Виали...состав боли глава. Полуфинале против СССР кога Холандија со Ван Бастен стана европски првак. Други времиња се ова, со големи разлики. Химната грми со оркестар, ама фудбалерите се срамежливи, освен Валтер Ѕенга.

Пица на денот во англиско - италијански стил

Да сме ние во прашање би ја сквернавеле со ајвар, едно 15 ќебапи и пол кило кромид, ама сега им оставиме простор на финалиститите да видиме како тие би ја одиграле заедно. Секој според својата кујна нели?

Аман дај го Џорџо

Фативме да му броиме колку пати кажа дај Џорџо, дај Џорџо, дај Џорџо. 47 пати, а едно време на сец го фати. Тоа е таа италијанска страст за фудбал додека Жоржињо го изведуваше пеналот против Шпанија вреден финале.

Првите татко и син кои дале голови на Европски првенства

Прекрасна историја ги врзува Евро 1996 и Евро 2020.

Парола на денот

Не е Европско ако Италијанците не му дадат убав шмек. Што со отпеана химна ко да се иде на фронт, што со шармантни девојки со триколорето, што со досетливи пароли. Па браво!

Комшија не пуштај балкон, таман е

Го имаме најинвентивниот фудбалски фанатик во Македонија за кој нема зорт тоа што нема двор. Густата скопска населеност нуди страшно добри можности за гледање Европско на “голем телевизор“.

Лудилото во Рим за време на пеналите

По сите падови кои ги имаа со малерозниот селектор Вентура со кого испаднаа во бараж за Светско првенство (првпат после 60 години во 2018-та не отидоа на Мундијал), Италијанците доживуваат ренесанса со Роберто Манчини. Ќе играат големо финале на Европско 2020 на култниот „Вембли“. Еве како се славеше триуфот во една фан зона во Рим:

Италијанците не го забораваат својот другар

Леонардо Спинацола испадна неочекуван херој во италијанската репрезентација. По скромната сезона во Рома овој лев бек одигра фантастично Европско првенство но се повреди во четвртфиналето и ќе паузира најмалку шест месеци. Неговите соиграчи од репрезентацијата не го заборавија Спинацола.

Турскиот коментатор башка будала

Федерико, син на легендарниот Енрико Кјеза, го надмина својот татко и успеа да постигне фантастичен гол во полуфинале на Европско првенство. Италија ја совлада Шпанија на пенали а во Турција коментаторот урлаше како стрелец бил Инзаги!

Атомски фудбал, Италија после пенал драма до големо финале!

Во првото полуфинале на Европско првенство, на „Вембли“ гледавме фантастичен фудбал, продолжетоци и пенали чиј рулет отиде на страна на Италија

Ова што го игра Италија не е катеначо, личат на Барса на Гвардиола

Шпанските весници не штедат зборови за играта и концептот на Роберто Манчини. Триото Барела – Жоргињо – Верати го споредуваат со нивното Чави – Бускетс – Иниеста, кои ја освоија и Европа и светот.

На „Вембли“ ќе има 60.000 ама без многу Данци, Шпанци и Италијанци

На 22 јуни се обелодени дека британската влада ќе допушти 60.000 гледачи за полуфиналните дуели (6 и 7 јули) и финалето на Евро 2020 (11 јули). Но меѓу нив практично ќе нема гости од Данска, Италија и Шпанија.

Италијанска глума на вечерта

Под водство на Роберто Манчини, Италија игра неверојатно и е во серија од 32 меча без пораз. Ја совладаа Белгија, прва селекција на ФИФА ранг листата, ама не можеа да не фрлат малку италијански зачин. Чиро Имобиле глуми повреда па слави гол во неколку секунди.

Што нè чека до крајот на Европското?

Иако постоеше сомнеж како ќе изгледа замислата на УЕФА континенталното првенство да се игра во 12 града, се испостави дека таквиот ризик се исплател и гледаме фантастично Европско првенство.

Од каде потекнува називот група на смртта, како се дошло до него?

Многу често се случува после ждрепките за големите натпреварувања да прочитаме десетина наслови и воведи каде се спомнува „група на смртта“. Од каде проистекнал овој термин?

Италија ја разби Турција на отворање на Евро 2020

Фудбалската репрезентација на Италија со 3:0 ја совлада Турција во првиот меч од Европското првенство кое свечено се отвори во Рим.

Најсрамниот гест во животот на Тоти се случи на Европско 2004

Секој човек има некоја постапка од која се срами кога и да се потсети на тоа. Тоа се епизоди кои не се бришат лесно од сеќавање. Таков настан има и легендарниот Франческо Тоти кој вели дека сакал да пропадне во земја тогаш.

Италијанската полиција заплени 100 килограми... песок

Десетици туристи во Италија се осомничени за кривичното дело крадење песок, школки и камчиња од плажа, за што ќе платат казна до 3.000 евра. Се уште нема уапсени за крадење вода од морето.

Каква ќе биде Италија на Европско и што може да се очекува

Во вторникот Италија го објави конечниот список фудбалери за Европско првенство. Селекторот Манчини спремил пар изненадувања за јавноста а го повика и резервистот на Сасуоло Распадори кој нема ни минута настап за репрезентација.

Кога Џентиле буквално го сфатил советот да му дише во врат на Марадона

На Мундијалот 1982 во Шпанија, групата Ц била пеколна: Бразил, Италија, Аргетнина. Во 1. коло Италија со 2-1 ја добива Аргентина на Марадона, Гаљехо, Пасарела и Марио Кемпес. Аѕурите на крај стануваат дури и шампиони а овој меч со гаучосите останал во вечно паметење поради комичниот фластер на стоперот Клаудио Џентиле над Марадона.

„Италијанскиот Робинзон Крусо“ кого властите го бркаат од неговиот остров

Мауро Моранди живеел сам на островот Будели од 1989, но по неколку закани со протерување и затвор, изгледа ќе мора да го напушти својот спокоен дом. Не помагаат ни бројните јавни повици и петициите.

Интересното потекло на терминот „банкрот“

Се користи во правната и економската терминологија, како неспособност за плаќање на фирма или поединец, но и во секојдневниот говор за некој што пропаднал, останал без пари. Етимологијата на терминот „банкрот“ е од еден интересен италијански обичај.