Таг: глазгов ренџерс

Мерките за спречување инциденти на најголемото шкотско дерби

Селтик и Глазгов Ренџерс кои заедно тежат 101 титула само во домашното првенство, денеска ја имаа 405-та меѓусебна пресметка која заврши 1:1. Се разбира дека во едно вакво градско дерби, навивачите секогаш завршуваат во новинарските извештаи, но таму за разлика од кај нас, надлежните за воведување ред и мир знаат да спречат како да не падне крв.

Доналд Трамп за малку ќе го спасел од банкрот најтрофејниот фудбалски клуб во светот

Откако откривме дека пред 25 години влечел ждрепка за англискиот Лига Куп, најдовме уште една спортска новост поврзана со новиот американски претседател, поради која ќе го сместиме во Офсајд.

Најголемиот силеџија се врати во Премиер

По неуспешната екскурзија во Глазгов Ренџерс каде се скара со секој жив и го фатија дека играл кладилница, Џои Бартон се врати во Барнли, тимот кој лани по негова заслуга влезе во Премиер лигата.

„Не знаев да подавам, а освоив Светско и два пехари во ЛШ“

Кога се изведувале пеналите против Јувентус во финалето на ЛШ 2003, Гатузо се молел да завршат пред него кој бил осми по ред за изведување. На Светското во Германија докторот за допинг чекал два и пол часа Гатузо да даде урина, затоа што бил уморен.

Фудбалерот кој лежеше во затвор поради фаул

Како корпулентен расен стрелец на Ренџерс, зад решетките од најголемиот затвор во Шкотска потпишува договор со Евертон. Во Англија ќе стане култен херој поради бескомпромисните дуели поради кои стана рекордер по бројот на црвени картони во Премиер лигата.

Тренери со најдолг престој на една иста клупа

На листата тренери кои не ги фаќал с'клет со години да седат на исто место, „најкраткиот" бил тренер 19 години а најдолгиот неверојатни 44 години водел еден ист клуб.

Штраус од Грбавица незаборавен во Австрија

Едно од најголемите фудбалски имиња на овие простори, во кариерата играше за Жељезничар, Цволе, Стразбур, Седан и Валенсиен а беше тренер на Жељо, Партизан, Панатинаикос, селектор на Југославија и Јапонија. Најголем успех оствари во Австрија каде му приредија голем дочек.

Графитот кој го вознемири Глазгов

Пред два дена, на стадионот Иброкс каде игра Глазгов Ренџерс се појавил навредлив графит со исмејување на 66-те жртви на трагедијата во 1971 година на мечот Ренџерс - Селтик.

Како е да гледаш пенали со твојот најголем ривал

Пред 4 години Глазгов Ренџерс беше четвртолигаш, а минатиот викенд го елиминираше Селтик во полуфинале од шкотскиот ФА купот. Двајца другари пеналите кои завршија 5:4 за Ренџерс ги проследија многу емотивно, но без кошкање и покрај тоа во живот не би си смениле дрес.

Трпение спасение на Глазгов Ренџерс

Во јули 2012. година славниот Глазгов Ренџерс поради банкрот испадна во 4-та лига. На 6. април 2016-та година Ренџерс обезбеди место во шкотската Премиер лига, а вчера во полуфиналето на шкотскиот ФА Куп на пенали го совлада смртниот ривал Селтик. Голот на МекКеј во продолжение беше посебно убав.

20 ретки фудбалски фотографии

Уште еден десерт за фудбалските носталгичари кои го гледаат денешниот фудбал, а мислат на некогашниот.

Шкотски фудбал на дур

Поборниците на идејата попрво да гледаш реклама за правосмукалки и пегли, отколку шкотски фудбал добија уште еден аргумент плус во своја корист.

Поддршка од сите ѕвезди за Риксен

На церемонијата по повод изборот за најдобар играч на годината според ФИФА, трогателни кадри беа разговорите на Кристијано Роналдо, Нејмар, Меси и другите фудбалски ѕвезди со Фернандо Риксен, поранешниот фудбалер на Ренџерс и Зенит кој боледува од ретка болест.

Журка на гостинска трибина

Навивачите на шкотскиот Мадервил важат за едни од најлибералните во Британија. Го бодрат клубот насекаде, а најголема журка приредија на Иброкс парк против Глазгов Ренџерс каде ја пееа преработката на Twist and Shout од Битлси.

Клаудио Каниџа - Син на ветрот и најдобар другар на Диего Марадона

Од прекарот Син на ветрот до Коканиџа, ова е патот на еден од најсаканите аргентински фудбалери во историјата, кој само по своја заслуга ја прокоцка шансата да влезе меѓу најголемите.

Скриена камера со терористи за Бугера

Скриените камери со девојчето дух во Бразил се смешни во однос на тоа што му го приредија на Маџид Багура, фудбалерот што играше за Глазгов Ренџерс, Шефилд и Чарлтон во Премиер лигата.

Леванте ќе им парира на Реал и Барса

Американскиот банкар и мнозински сопственик на Феникс Санс во НБА, Роберт Сарвер понуди 55 милиони евра за да го купи шпанскиот прволигаш Леванте.

Најдраматични падови во клупскиот фудбал

Борусија Дортмунд ја одбрани титулата во Бундеслигата и стигна во финалето од ЛШ во 2013. година, но сега се борат за опстанок. Ваквиот пад на „милионерите“ нè натера да видиме кои некогашни гиганти имале слични падови, од кои уште не можат да се опорават.

Славниот шкотски тим никако да излезе од калта

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс се надмоќни и немилосрдни во друштво на третолигаши и по 23 кола немаат ниту еден пораз, но она што загрижува во клубот се финансиските сметки со кои раководството на клубот се уште не може да излезе на крај.