Домашните навивачи, во случајов оние на Селтик на пат кон Селтик Парк правеа шоу низ улиците на Глазгов, типично за едно градско дерби.
Откако полицијата доби информации за нивната огромна бројка и рутата по која се движат, реши на ваков начин да спречи судир меѓу двете групи или поточно да ги заштити навивачите на Глазгов Ренџерс кои беа во многу помала бројка.
И тоа не е сè. Според пишувањата на шкотските медиуми, службите за безбедност на Селтик Парк решиле да воведат правило за одење на тоалет на гостинските навивачи кое гласи „Еден излегува, друг влегува“.
Целта за тоа е да го спречат демолирањето на тоалетите на минатото дерби за кое стојат навивачите на Ренџерс.