
Фудбалските навивачи на Островот реагираа бурно на графитот на Иброкс каде некој напишал „Хаха 66“, со цел на крајно ужасен начин да ги исмее жртвите.
Во 1971. година, 66 луѓе загинале при рушење на една трибина за време на Олд Фирм дербито.
„Некое злобно човечко суштество напишал графит „хаха 66“ на скалите каде што с случи трагедијата на Иброкс. Што има во главата на тие луѓе?“ вели Ли Кохран, вработен во клубот и еден од оние кои го бришеа одвратниот натпис.
Друг вработен додал:
„Недела дена по пресудата за Хилсборо која што ја поздравија сите навивачи, па дури и оние на Евертон, сега ја имаме оваа слика од Глазгов каде се навредува катастрофата од Иброкс. Морони.“