Светскиот првак во Формула 1 шампионатот, Себастијан Фетел продолжи да доминира на патеките. Овој пат тој немаше конкуренција на трката за Големата на града на Абу Даби каде Ред Бул оствари еден-два победа.
Себастијан Фетел си обезбеди место во одбраното друштво на Фанџо, Прост и Шумахер, возачите кои имаат освоено четири титули во Формула 1 шампионат. Германецот триумфираше во Индија и ја обезбеди титулата во Формула 1 уште на три трки до крајот на сезоната.
Формула 1 шампионатот веќе стана многу здодевен. На 15-та трка оваа сезона на патеката Сузука во Јапонија, актуелниот шампион Себастијан Фетел ја извојува 9-та победа.
За успехот на Ред Бул во Формула 1 не се заслужни само возачите и механичарите, туку и тим на инжинери одалечен на илјадници километри кој анализира стотици гигабајти на информации за време на трката.
Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел триумфираше и на патеката во Јеонгам и на пет трки до крајот го зголеми водството пред Алонсо на 77 поени.
Актуелниот првак во Формула 1 шампионатот, Германецот Себастијан Фетел триумфираше на трката за Големата на награда на Италија во Монца и ја зголеми предноста во генералниот пласман.
Ред Бул го држи рекордот за најбрз пит-стоп во Формула 1 со траење од 2,05 секунди, а во следното успорено видео ќе можете да видите што сè прават нивните механичари за тие две секунди.
Луис Хамилтон конечно стигна до премиерна победа оваа сезона во Формула 1 откако ја преживеа "пеколната" трка на 50 степени на патеката Хунгароринг. За него ова е четврти триумф за Големата награда во Будимпешта и вкупно 22-ри во кариерата.
Формула 1 шампионот Себастијан Фетел минатата недела за прв пат ја освои Гран при трката во Германија, а овој викенд тој повторно возеше трка во својата земја но во малку поинаков болид.
Возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел успеа да и донесе радост на својата земја на Големата наградата на Германија во деветтата трка на Формула 1 оваа сезона.
Германецот Нико Розберг од Мерцедес го оствари вториот триумф на осмата трка во Формула 1 шампионатот оваа сезона откако најдобро ги искористи проблемите на Хамилтон и Фетел.
Мислите дека можете да возите во Формула 1? Прво видете го воланот на болидот на Заубер, па одговорете дали можете да се снајдете со тоа чудо при брзина од 250 километри на час.
И покрај зголемените мерки за безбедност, во новиот милениум овој спорт однесе три жртви од кои ниту еден не е возач. Трката во Монтреал пред два дена како и оние во Монца (2000) и Мелбурн (2001) повеќе ќе останат запаметени по жртвите отколку по победниците.
Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел ја освои третата трка оваа сезона триумфирајќи за прв пат на патеката „Жил Вилнев" за Големата награда на Канада.
Тоа е скапоцениот камен во круната на Формула 1. Велат дека тоа е трката која секој возач сака да ја освои, а ниту една позната фаца или богаташ не смее да ја пропушти. Тоа е трката во Монако.
30 години по победата на Кеке Розберг во Монако, на истото место триумфираше и неговиот син Нико кој има израснато на улиците во Монте Карло. Зад победникот се пласираа Фетел, Вебер и Хамилтон.
Петтата трка од Формула 1 шампионатот му припадна на Фернандо Алонсо. Возачот на Ферари помина прв низ целта на патеката во Каталонија пред Кими Раиконен, Фелипе Маса, а шампинот Фетел заврши на четвртата позиција.
Замислете свет во кој секојдневно ќе се разминувате со техничарите на Мекларен Мерцедес и ќе имате ексклузивен пристап до болидот. Тоа е возможно со новата кампања на еден од нивните спонзори.
Актуелниот светски шампион, Германецот Себастијан Фетел беше најбрз на денешната трка од Формула 1 шампионатот во Бахреин. Веднаш, исто како и минатата година, зад него се пласираа Раиконен и Грожан.
Полицијата во Бахреин употреби солзавци за да ги растера демонстрантите кои фрлаа молотови коктели и се обидуваа да направат хаос пред неделната трка во Формула 1 шампионатот.
Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо триумфираше убедливо на трката во Шангај за Големата награда во Кина, пред Раиконен, Хамилтон, кој имаше пол позиција и пред Фетел.
Себастијан Фетел ја игнорираше наредбата и го претекна својот тимски колега со што стигна до првиот триумф во новата сезона, а ова е реакцијата на Марк Вебер по претекнувањето на 10 круга до крајот на трката во Малезија.