Фетел доминантен и во Сингапур

Актуелниот првак во Формула 1 шампионатот, Германецот Себастијан Фетел е се поблиску до нова титула откако триумфираше и на ноќната трка во Сингапур.

Себстијан Фетел триумфираше и на „марина беј" - 13-та трка во овогодинешниот шампионат во Формула 1 и е на добар пат да ја освои четвртата последователна титула.

Фетел тргна од пол позицијата и уште од вториот круг тој веќе доминираше на патеката и не ја препушташе лидерската позиција дури ни кога го посетуваше боксот.

Зад Ветел заврши Фернандо Алонсо, а херој на трката беше Кими Раиконен кој тргна од 13-та позиција, а накрајот се искачи на пиедесталот.

Розберг и Хамилтон завршија на четвртата и петтата позиција пред Маса, а поени освоија и Батон, Перез, Хилкенберг и Зутил.

До крајот на сезоната преостануваат уште шест трки, а Фетел има предност од скоро недостижни 60 поени.

Следна на програмата е трката во Кореја која ќе се вози на 6 октомври.

Резултати:
1. Себастијан Фетел - Ред Бул 1:59:13.132
2. Фернандо Алонсо - Ферари + 32.627
3. Кими Раиконен - Лотус + 43.920
4. Нико Розберг - Мерцедес + 51.155
5. Луис Хамилтон - Мерцедес + 53.159
6. Фелипе Маса - Ферари + 1:03.877

Генералeн пласман на возачи:
1. Себастијан Фетел 247
2. Фернандо Алонсо 187
3. Луис Хамилтон 151
4. Кими Раиконен 149
5. Марк Вебер 130
6. Нико Розберг 116

Генерален пласман на конструктори:
1. Ред Бул 377
2. Ферари 274
3. Мерцедес 267
4. Лотус 206
5. Мекларен 76
6. Форс Индија 62

22 септември 2013 - 16:17