Алонсо ја освои Шпанија

Петтата трка од Формула 1 шампионатот му припадна на Фернандо Алонсо. Возачот на Ферари помина прв низ целта на патеката во Каталонија пред Кими Раиконен, Фелипе Маса, а шампинот Фетел заврши на четвртата позиција.

Фернандо Алонсо по втор пат ја освои Големата награда на Шпанија. Ова воедно беше и втора победа за Алонсо оваа сезона и 32. во неговата кариера.

Шпанскиот возач од екипата на Ферари до триумфот на трката во Шпанија стигна со време 1:39:16.596 часа пред Раиконен и Маса.

Освојувачот на пол позицијата, Нико Розберг поведе од стартот, но ја држеше водечката позиција се до 13-от круг кога беше претекнат од Алонсо.

По влегувањето на Алонсо во пит-стоп, челната позиција ја презеде Раиконен, но во 39-от круг на првото место се врати Алонсо и остана таму до крајот.

На пиедесталот се искачија Раиконен и Маса, а актуелниот шампион, Себастијан Фетел заврши на четвртата позиција. Марк Вебер заврши како петти, а шести беше Розберг.

Следната трка од Формула 1 шампионатот која ќе се вози во Монте Карло е на програмата на 26-ти мај.

Резултати:
1. Фернандо Алонсо - Ферари 1:39:16.596
2. Кими Раиконен - Лотус + 6.338
3. Фелипе Маса - Ферари + 26.049
4. Себастијан Фетел - Ред Бул + 38.273
5. Марк Вебер - Ред Бул + 47.963
6. Нико Розберг - Мерцедес + 1:08.020

Генералeни пласман на возачи:
1. Себастијан Фетел 89
2. Кими Раиконен 85
3. Фернандо Алонсо 72
4. Луис Хамилтон 50
5. Фелипе Маса 45
6. Марк Вебер 42

Генералени пласман на конструктори:
1. Ред Бул 131
2. Ферари 117
3. Лотус 111
4. Мерцедес 72
5. Форс Индија 32
6. Мекларен 29

12 мај 2013 - 15:57