Таг: фенербахче

Русите нè победија во кошарка, да им бутнеме уште еден авион

Турски политичар распали со контроверзна изјава по повод вчерашното финале во Еролигата.

Девојката поради која имаше прекин на финалето

Финалето на Евролигата меѓу ЦСКА Москва и Фенербахче беше прекинато во средината на третата четвртина поради необичен настан.

11 кошмари во турскиот фудбал

Последната епизода насилства во турскиот суперлигашки фудбал на програмата одеше минатиот викенд за време на дербито Трабзонспор - Фенербахче. Во не така далечно минато се случија сериозно насилни настани.

Напад на судија и прекин на дерби во Турција

Големото ривалство меѓу Трабзонспор и Фенербахче ескалираше и вечерва. Гостите од Истанбул водеа 0:4 кога во 89’ минута домашен навивач влезе во теренот и физички го нападна судијата зад голот по што мечот се прекина. На табелата води Бешикташ со шест бодови повеќе од Фенер кој има натпревар помалку.

Перо е задолжен за добра атмосфера

Фенербахче игра фантастична кошарка, го збриша Реал Мадрид со 3:0 во ТОП 8 и се пласираше на Фајнал Форот во Берлин каде што се фаворити за освојување со ЦСКА Москва. За одличната атмосфера во екипата се грижи кој друг ако не Антиќ.

Апсења во Турција, политика или спорт?

Турската полиција денес привела 38 лица кои се сомничат дека „ја наместиле управата на Фенербахче" во периодот на истрагата за корупција пред 5 години кога Фенербахче беше исфрлен од Европа.

Антиќ ја тужи њујоршката полиција и бара 25 милиони долари

Перо се одлучил да ја тужи полицијата во Њујорк поради грубото приведување и кршење на човековите права додека играше за Атланта. Тужба ќе поднесе и неговиот поранешен соиграч Табо Сефолоша.

Црна овца во друштвото, а сепак цар

Редовните прес конференции знаат да бидат страшно еднолични, монотони и досадни, но ако на нив гостува човек како португалскиот тренер Витор Переира (тогаш во Ал-Ахли, денес во Фенербхаче) сè може да се слушне. Револтиран од судењето распали на прес и за малку физички не се пресмета со човекот што ја водеше конференцијата.

Ливерпул го слави Кутињо

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртфиналето откако во реваншот со Манчестер Јунајтед одиграа 1:1. Убедливи победи славеа Брага, Севиља и Шахтјор, а понатаму оди и Дортмунд по уште една победа над Тотенхем, овојпат во Лондон.

Ливерпул го доби големото дерби, Дортмунд моќен против Тотенхем

Шпанскиот голман Давид Де Хеа го спаси Манчестер Јунајтед од резултатска катастрофа на Енфилд со неколку бравурозни одбрани. На крајот Црвените со 2:0 ќе патуваат на реваншот во Манчестер.

Полн стадион без мажи, со 43.000 жени и деца

Во 2011. година, поради инвазијата на навивачите на пријателската против Шахтјор, Фенербахче беше казнет да игра без публика две домашни средби. Клубот предложи да може да присуствуваат жени и деца до 12 години, турскиот сојуз прифати и стадионот Шукру Сарачоглу прати убава слика во светот.

Патриотизам се докажува на терен, не со маица

По мечот Фенербахче - Локомотива Москва, фудбалерот на гостите Дмитри Тарасов се прошета со маица на која беше ликот на Владимир Путин. УЕФА му спрема казна од 10 меча, а во Русија не спласнува полемиката.

Искушеникот Еменике и турскиот затвор

Нигерискиот напаѓач неколку сезони играше во Фенербахче, сега е на позајмица во Вест Хем, а за англискиот Сан отвори душа и раскажа како му било во затвор, во автобусот врз кој се пукаше и расизмот со кој се соочил во Русија.

Турските клубови скапо ја плаќаат амбицијата

Желбата да обезбедат место во врвот на меѓународниот фудбал, најверојатно многу скапо ќе ги чини турските водечки клубови кои се соочуваат со драстични казни од УЕФА.

Перо Антиќ - кошаркар од раѓање

За каналот на Евролига, Перо Антиќ открива дека татко му Зоран е најзаслужен за тоа што почнал да се интересира за кошарката како спорт. Антиќ раскажува и за првите почетоци во кариерата.

Зошто Антиќ го нема во изборот за најдобар спортист на 2015?

Иако на клупски план направи нешто што не му појде од рака на ниту еден македонски спортист, годинава изборите за кошаркар и воопшто спортист на годината ќе минат без Антиќ. Причините за тоа се бараат на неколку адреси.

Перо Антиќ другарува со Нани

Откако неговиот Фенербахче рутински ја заврши групната фаза во Евролигата на првото место, Антиќ го користи секој слободен момент да ужива на Босфорот. Последно објави фотографија со поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а денес член на Фенербахче, Нани.

Нов формат и многу побогата Евролига

Претседателот на ЦСКА Москва, Андреј Ватутин ја поздрави најавата на американскиот партнер кој сака да стане акционер во Евролигата и за 10 години да вложи најмалку 630 милиони евра.

Како му оди на Антиќ во Турција

Иако неговиот Фенербахче неочекувано ги загуби последните два натпревари, еден во Евролига, еден во домашното првенство, Перо Антиќ игра сосема солидно и добива пристојна минутажа.

Антиќ: Во Америка владее расизмот

Новиот член на Фенербахче вечерва во Задар со 11 поени учествуваше во победата на турскиот тим од 88:66 над Црвена звезда, а претходно пред хрватските новинари зборуваше за престојот во САД.

Фенербахче со нож, Селтик со лажица

Веднаш по ждрепката за групите во Лига Европа, навивачи на Фенербахче на Твитер пратија заканувачки фотографии до сите противници од групата (Молде, Ајакс и Селтик). Шкотите на заканите вратија со нивниот својствен хумор.

Турска супер лига - фанатизам и многу пари

Турската фудбалска лига летово е прва во Европа по трансфери на играчи за кои клубовите потрошија приближно 55 милиони евра.

Омразата на Трабзон и Фенер се префрли во Скопје

Работнички вечерва на Филип Втори го пречека турскиот претставник Трабзонспор во рамките на 3. квалификациско коло од Лига Европа, но на стадион има навивачи и на друг турски клуб кои се појавија како провокација.

Кога животот на навивачот е поважен од ривалството

Фенербахче и Олимпијакос синоќа одиграа пријателски меч кој го добија Турците со 3:2. Гостите добија заслужен аплауз откако лекарскиот тим интервенираше кај навивач на Фенербахче.